Македонија
(Видео) Стоилковски: Шилегов не кажува дека има судир на интереси утврден од Антикорупциска
Најавувам дека утре ќе бидат презентирани документи за констатиран судир на интереси кој кај скопскиот градоначалник Петре Шилегов го има утврдено Антикорупциската комисија, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
„Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов има склучено договор за консултации со адвокатското друштво на адвокатот Петре Шилегов, за сума од 50.000 денари месечно. Тоа што градоначалникот Шилегов денеска не го кажа е дека е констатиран судир на интереси од ДКСК“, посочи партискиот портпарол.
Стоилковски јавно запраша зошто е констатиран судир на интереси и што всушност е основата за корупција, во ситуација кога Шилегов тврди дека е се чисто.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09:00 до 12:00 часот, корисниците на улиците: Урош Џудовоќ, Осло, Будимпештанска, Лубица Георгиева (Општина Карпош)
Македонија
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 10 до 15 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на висок воздушен притисок продолжува периодот на претежно сончево и тивко време. Во ноќните и претпладневните часови наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност.
Македонија
Зимзоленд: Продолжуваме со работа, шпекулација е дека настанот ќе биде затворен
Од Зимзоленд велат дека продолжуваат со работа и дека информациите за неговото затворање се шпекулации.
„Во последните часови на одредени медиуми се појавија неточни информации и шпекулации дека Зимзоленд ќе биде затворен. Ве информираме дека ова не е точно. Зимзоленд продолжува да работи со редовно работно време“, се наведува во јавното соопштението.
Во него се додава дека е точно дека во претходните денови имало инспекциски надзори, но велат дека до надлежните служби била доставена целосната и потребна документација.

