Македонија
(Видео) Стојаноска: ВМРО-ДПМНЕ го победи СДСМ 2:1 во Тетово, таков пораз ги чека и на парламентарни
ВМРО-ДПМНЕ го победи СДСМ со 2:1 во Тетово. Три дена не можат да се соземат, зашто таков пораз ги чека и на парламентарни. Изборите во Тетово само ги потврдија анкетите кои говорат за огромната предност на ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ. Ковачевски доби јасна претстава што го чека на парламентарни и затоа три дена се обидуваат да го релативизираат поразот кој го претрпеа пред сопственото членство. ВМРО-ДПМНЕ освои 4 советнички мандати, а СДСМ 2 во Тетово. И тоа јасно покажува каков ќе биде и соодносот на идниот парламентарен состав, изјави на денешната прес-конференција Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
Таа додаде дека Ковачевски се плаши и за сопствената фотелја во партијата, па неговите пулени на позиции имаат единствена цел, да зборуваат на празно дека поразот не е пораз и дека сѐ е во ред. Но, Ковачевски знае дека ништо не е во ред. Зашто народот не го сака, затоа што ја уништија, потценија и осиромашија државата.
Ковачевски да собере храброст и да распише предвремени парламентарни избори веднаш.
Само Собрание и Влада кои ќе ја отсликуваат реалната волја на народот може да носат одлуки и решенија кои ќе бидат во насока на излез од кризите во кои нè потонаа, изјави Стојаноска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, ќе дува повремено засилен северен ветер
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

