Контакт

Македонија

(Видео) Стојаноска: За една недела четири детски животи беа доведени во ризик

Објавено пред

Македонското здравство е во колапс, а хаос владее во сите здравствени институции. Најтрагично е што граѓаните со своите животи и животите на нивните најблиски ја плаќаат цената за неспособноста на СДСM,изјави Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Според неа, за помалку од недела дена четири деца завршија во кома поради дијабетис кој претходно не бил дијагностициран. Како резултат на ненавремена дијагноза четири детски живот беа ставени во ризик, а ризикот за трајни последици по нивното здравје и понатаму постои. Министерството за здравство и СДСМ за случајот ги обвинија родителите на децата.
За месец дена три родилки ги загубија своите животи, а за еден од случаите постои и сериозен сомнеж дека надлежните институции се обиделе да го сокријат од јавноста. Во случајот со смртта на родилката од Гевгелија ги видовме роднините како обвинуваат за лекарска грешка, но од здравство повторно молк. Одговори и одговорност нема, а продолжува црната статистика за починати родилки во државата, вели Стојаноска.

Таа додава дека Клиничникот Центар во Скопје, од ден во ден личи се повеќе на депонијата Дрисла, отколку на болница каде се лекуваат болни и изнемоштени лица чиј имунитет е сериозно нарушен. Поради ваквката негрижа и неспособност постои и сериозна опасност од ширење на заразни болести кои им се закануваат на пациентите. ,,Одговорност, повторно нема. Недостасува уште да ги обвинат пациентите дека тие се виновни што не се организираат да го исчистат дворот. Виновни се сите, само не и СДСМ и неспособноста на Зоран Заев и кадрите кои ги форсира во здравството.Во 21 век, во земја која се наоѓа на тлото на Европа, повторно постои опасност од сериозна епидемија на морбили. Пред неколу дена јавно беше објавено дека е регистриран сериозен број на заразени од морбили во Дебар, бројка која достигна 20 заболени, а постои ризик бројот на пациенти со оваа дијагноза да расте. Сосема очекувано, повторно нема никаква одговорност од СДСМ, Зоран Заев и неговите кадри во здравството”, вели Стојаноска.

,,Додека македонското здравство е пред тотален колапс, министерот Венко Филипче се шета со парите на граѓаните по семинари ширум Европа.Филипче не го интересира здравјето на граѓаните, тој е единствено заинтересиран за сомнителни тендерски постапки и богатење на грбот на граѓаните. Додека невини граѓани ги губат своите животи во македонското здравство, фантомски фирми добиваат милионски тендери за да задоволат нечии апетити. СДСМ сакаше да додели неверојатни 35 милиони евра на фирма која е формирана само четири месеци пред да го добие милионскиот тендер. Во минатото секоја болница сама си набавуваше реагенси и имаше десетина компании од кои се набавуваа реагенси, но откако минатиот месец министерот Венко Филипче забрани болниците сами да набавуваат реагенси за нивните лаборатории, се случи милионскиот скандал, затоа што сега парите ќе ги добива само компанијата „АХР ЛАБ увоз-извоз’’ која ќе повторам е формирана пред само четири месеци. Дополнителен проблем за пациентите е тоа што новиот централизиран систем ќе претставува натамошна компликација при транспортот на крвта и навременото добивање на резултатите од кои може да зависат некои итни дијагнози.Нормално, и за овој скандал виновни се кртовите во министерството, медиумите и опозицијата. Виновни се сите, само не и неспособното раководство на СДСМ”, додава таа.

Според Стојаноска, ова што го гледаме е срам за македонското здравство. ,,Факт е дека во моментов функционерите на СДСМ се чувствуваат премногу моќни бидејќи ги штити Зоран Заев кој го има поклопено и судството и обвинителството. Факт е дека во моментов на министерот Филипче му се може да каже дека не помислува на оставка, бидејќи слепо ги следи политиките на Зоран Заев. Факт е дека се чувствуваат доволно сигурни и заштитени за да ги изберат бизнис интересите на криминалниот клан на власта, пред интересите на граѓаните.Сепак, факт е дека ова расипништво, неодговорност и криминал не може да траат вечно. Одговорност ќе има. Што порано, тоа подобро. Органите на прогонот мора да се разбудат и да почнат да работат по закон. Венко Филипче, без разлика на заштитата која што ја има од Заев, мора да си даде оставка и да овозможи независна истрага. Државата не смее да биде заложник на СДСМ”, смета таа.

Македонија

Забранет сообраќајот на регионалниот пат Гостивар – село Чегране поради излевање на реката Вардар и обилниот дожд

Објавено пред

Во 20.40 часот е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране поточно во село Форино, поради излевање на реката Вардар и обилни врнежи од дожд, извести АМСМ.

dobivaj vesti na viber

Сообраќајот се пренасочува од село Чајле кон село Старо Чајле према село Форино.

Воведена е забрана за сообраќај и на локалниот пат од „Тумчевишка Петла“ кон село Тумчевиште и село Чегране, додаваат од АМСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Меѓународните односи, реформите и борбата против корупција во фокусот на разговорите меѓу Сиљановска-Давкова и Варнс

Објавено пред

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Никол Варнс, вршителка на должноста шеф на мисијата во Амбасадата на САД.

dobivaj vesti na viber

Таа изрази подготвеност за понатамошна соработката со истата динамика и посветеност како со претходната амбасадорка.

Разговорот започна со осврт на меѓународните односи, состојбите во НАТО, ЕУ и регионот.

Потоа соговорничките се фокусираа на македонските работи: реформските процеси во судството, дигитализацијата, борбата против корупцијата и организираниот криминал и реализацијата на инфраструктурните проекти.

За нив, инклузивниот модел на одлучување и меритократијата во сите сфери на општествениот живот, а особено во образовниот систем и во регрутирањето на државната и јавна администрација на највисоко ниво се клучни не само за нашата евроинтеграција, туку и за просперитетот на државата.

Во време на безбедносни предизвици и ризици, за обете, американско-македонското стратешко партнерство, како и сојузништвото во НАТО се важни за стабилноста.

Амбасадорката ја потврди американската подготвеност за унапредување на пријателските односи, поздравувајќи ја неодамна усогласената заедничка изјава за рамката за идниот Договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, како значаен чекор во зајакнувањето на економската соработка.

Сиљановска-Давкова и Варнс очекуваат со Акцискиот план да се конкретизираат низа проекти во интерес на граѓаните.

Прикажи повеќе...

Македонија

Укината забраната за сообраќај на камиони на патот Гостивар-Стража-Кичево

Објавено пред

Од 17:20 часот укината е забраната за ТМВ на патниот правец Гостивар-Стража и обратно.

dobivaj vesti na viber

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Врнежи од снег има на Пониква и на патниот правец Штип-Неготино кај с.Лесковица, кој во моментов не претставува пречка за одвивање на сообракајот, јави АМСМ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 часа

Капиштец повеќе од шест часа без вода, дефект кај Цветен пазар ја поплавува улицата Народен фронт

Жителите на делови од скопски Капиштец повеќе од шест часа останаа без вода за пиење. Кај Цветен пазар вечерва е...

Македонија14 часа

Четворица кандидати во трката за државен јавен обвинител добија позитивно мислење

Обвинителките Анита Тополова-Исајловска, Ленче Ристоска и Лидија Раичевиќ и судијата Ненад Савески добија позитивно мислење од Советот за јавни обвинители....

Македонија14 часа

Генерален штрајк во март ако до крајот на февруари не се зголеми минималната плата, ССМ најави блокади и во другите градови

Со тројца повеќе работници од вообичаено, 24 наместо досегашните 21, Сојузот на синдикати на македонија (ССМ) денес ја блокираше Владата,...

Македонија16 часа

Авионот е користен согласно прописите, за секој лет постојат документи, велат од Владата

Јавно и недвосмислено укажуваме дека владиниот авион е користен исклучиво во согласност со прописите и актите за негово користење, согласно...

Македонија16 часа

Скијач од Данска повреден во снежна лавина на Попова Шапка

Скијач од Данска е пронајден на Попова Шапка, а според информациите од полицијата тој бил повреден од снежна лавина и...

Топ16 часа

Автомобил удри во четиригодишно дете во Скопје, со тешки повреди е пренесено во болница

Четиригодишно дете со тешки повреди е пренесено во болница откако во него удрил автомобил. Според информациите на МВР, вчера околу...

Македонија17 часа

(Видео) Левица: Жителите на Струга 10 дена се оставени без чиста вода за пиење

Жителите на Струга 10 дена се оставени без чиста вода за пиење поради сериозната еколошка хаварија со изворот на вода...

Македонија18 часа

(Видео) Кузеска: За еден час пред Владата ќе започне протест за поголеми плати, нека се симне Мицкоски, нека ги погледне работниците кои едвај може да си ги прехранат семејствата

„Со владин авион и парите од граѓаните премиерот бил на Јадранско море. На одмор. Ова е срамна слика за една...

Македонија19 часа

Од јули директни летови од скопскиот аеродром до атрактивните дестинации Алгеро и Палермо во Италија

Меѓународниот Аеродром Скопје, управуван од ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми и членка на Групацијата АДП ја проширува својата мрежа...

Македонија19 часа

„Сѐ е исто како во времето на Груевски, затоа и постојано одат со владиниот авион во Будимпешта по нови задачи и насоки“, велат од СДСМ

„55 дена нема одговор од Обвинителството за криминалните тендери, молчи и Државната комисија за спречување на корупција. Нема одговори за...

Македонија19 часа

Денеска посебен режим на сообраќај во Скопје

Денеска со почеток од 11:00 часот од страна на Сојузот на синдикати на Македонија ќе биде одржан протест пред Владата...

Македонија20 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Очекуваме Јавното обвинителство темелно и целосно да го расветли случајот со модуларната болница во Тетово

„Сведоштвата на поранешната обвинителка Лејла Кадриу отвораат сериозни прашања за причините и одговорноста за трагичниот настан во модуларната болница во...

Свет21 час

Холандски министер: Не треба да го кажувам ова, но американските Ф-35 можат да се хакираат

Холандскиот министер за одбрана, Гијс Туинман, ја изненади јавноста тврдејќи дека софтверската независност за борбениот авион Ф-35 е можна, сугерирајќи...

Свет21 час

Чешкиот претседател: Наивно е да се очекува брз мир во Украина

Чешкиот претседател Петр Павел изјави дека би било наивно да се очекува брз мировен договор меѓу Украина, Европа, Соединетите Американски...

Свет21 час

Хилари Клинтон: Трамп го прикрива објавувањето на досиејата на Епстин, Бил и јас ќе сведочиме

Хилари Клинтон ја обвини администрацијата на претседателот Доналд Трамп за „прикривање“ во ракувањето со документите поврзани со покојниот сексуален престапник...

Европа21 час

(Видео) Голем украински напад врз Русија: Гори рафинерија, пет аеродроми затворени

Синоќа, украински беспилотни летала нападнаа неколку локации во Русија, вклучувајќи ја и рафинеријата за нафта Илски во Краснодарскиот крај, каде...

Европа22 часа

Британија сака да ги забрани социјалните медиуми за лица под 16 години

Велика Британија би можела да воведе забрана за социјални медиуми за деца под 16 години уште оваа година, следејќи го...

Европа22 часа

Нова рунда мировни преговори меѓу Украина и Русија; Кремљ: Главното прашање е територијата

Претставници на Украина и Русија ќе се сретнат во Женева денес и утре на нова рунда мировни преговори со посредство...

Свет22 часа

(Видео) Пукање на хокеарски натпревар за млади во САД: има мртви и ранети

Во пукање на младински хокеарски натпревар во Потакет, во американската држава Род Ајленд, синоќа беа убиени две лица, а тројца...

Топ1 ден

40-годишниот прилепчанец пронајден починат: трагично заврши потрагата по Виктор Илиоски

Семејството и пријателите преку социјалните мрежи се збогуваат од Виктор Илиоски од Прилеп, кој последен пат бил виден во саботата...