Македонија
(Видео) Стојаноски: Кластерот Геријатрија го демантира Филипче дека епидемијата е под контрола
Додека владата на СДСМ и нејзините челници прогласуваат успешно справување и т.н. победа во борбата против пандемијата со Ковид-19, во здравствената установа Геријатрија – Скопје, имаме детектирано нов кластер и тоа токму помеѓу најранливата категорија на граѓани, изјави Синиша Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ.
„Во здравствената установа Геријатрија – Скопје за неколку дена има околу 17 ново заболени. Од Специјализираната болница „13 Ноември“ во Скопје, позната уште и како Геријатрија – Скопје, во официјалното соопштение велат: „Веднаш е постапено согласно протоколите, за изолирање на болните од останатите пациенти и спроведување на епидемиолошка анкета на вработените за спречување на ширење на инфекцијата како и мерки за дезинфекција“. Прашуваме зошто и како, ако веднаш е постапено според протоколите, имаме случај на интрахоспитална ширење на заразата и зошто бројката за неколку дена достигнува 17 лица заразени со корона вирусот“, рече тој.
Ова, додаде Стојаноски, не смее и во никој случај не може да се третира како обична вест.
„Прашуваме дали воопшто е иницирана постапка за откривање на причините за овој нов кластер и дали некој ќе понесе одговорност за овој случај? Колку за споредба, во соседна Србија, во првиот момент кога се дијагностицираа поголем број на заразени со корона вирусот во Геријатрискиот дом во Ниш, веднаш реагираше владиниот кризен штаб. Министерството за внатрешни работи го повика на одговорност директорот на институцијата поради основан сомнеж за тешко казнено дело против здравјето на луѓето, а во врска со неспречување на пренесување на високо заразна болест. Така реагираат институциите на системот кои што се функционални“, изјави Стојаноски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„ССМ и Трендафилов одбија 40% зголемување на платите во следните 2 години на штета на работниците, а по партиски диктат на СДС, ДУИ и Левица“, велат од ВМРО-ДПМНЕ
„Слободан Трендафилов со плата 3-4 пати поголема од минималната, е единствениот синдикалец на светот кој е против поголеми плати за работниците и е политичка маша на СДС, ДУИ и Левица. ССМ и Слободан Трендафилов одбиле 40% покачување на платите во следните 2 години на штета на работниците. Слободан Трендафилов како прв синдикалец не застана во одбрана на работниците“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„ССМ и Трендафилов не го поздравија досега ниту еднаш колективниот договор во образованието и здравството, ниту пак ги поздравија зголемените плати во МВР, Министерство за одбрана и во центрите за социјална работа.
Трендафилов е политичка марионета на СДС, а доказ за тоа е што договорот кој тој лично заедно со екс министерката за труд и социјална политика, а сегашна потпретседателка на СДС, Јованка Тренчевска го потпишале е истечен, со што се отвора можност за нов колективен договор, за кој Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ предлага административните службеници да добијат 40% повисоки плати за 2 години.
Иако Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ понуди конкретно и јасно решение, 40% зголемување на платите на административните службеници во следните две години преку нов колективен договор, ССМ и Слободан Трендафилов одбија да го прифатат предлогот, оставајќи ги работниците без повисоки примања.
Одбивањето да се потпише нов колективен договор, иако стариот е истечен, јасно покажува дека кај ССМ нема волја за подобрување на стандардот на работниците. Трендафилов е политичка марионета на СДС, ДУИ и Левица“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Граѓаните да ги ажурираат своите податоци за „Безбеден град“ на посебниот шалтер во МТВ или во станиците за технички преглед
Министерството за внатрешни работи ги потсетува граѓаните дека на посебниот шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
Истото, може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Македонија
Делови од Кисела Вода и Чаир денеска без струја
Од ЕВН Македонија информираат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, дел од корисниците од улиците Кујунџиска и Битпазарска, објектите лоцирани околу националната галерија Чифте Амам, како и дел од корисниците од старата чаршија. (општина Чаир)
– во периодот од 10.00 до 14.00 часот, корисниците од ул. Јустинијан Први лоцирани околу ДИМ Маркет, како и дел од корисниците од улицата Речиште. (општина Кисела Вода)

