Македонија
(Видео) Страшна сообраќајна несреќа во Куманово: полицајци извлекоа жива глава кога „туран“ удри во нив со голема брзина
Двајца полицајци во службено возило, на кое не му работи левиот фар, се директна цел на автомобил кој со голема брзина се движи на улицата Иво Лола Рибар во Куманово. Зад воланот е 19-годишник, а во автомобилот има уште двајца патници.
На видеоснимката се прикажува стравотен судир:
„На 5.2.2023, околу 21.50 часот, во СВР Куманово било пријавено дека на крстосницата од улиците Иво Лола Рибар и Пиринска Македонија се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило ‘фолксваген туран’, со кумановски регистарски ознаки, управувано од А. И. (19) од село Матејче, Липковско, и патничко возило ‘шевролет спарк’, сопственост на МВР. Во незгодата телесни повреди добиле двајца полициски службеници од полициското возило, возачот на возилото ‘фолксваген’ и двајцата негови сопатници, Б. Р. и А. Р., констатирани во Општата болница во Куманово. Екипа од СВР Куманово извршила увид на место на настанот“, стои во полицискиот билтен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Денеска температурата до 13 степени, викендов променливо облачно и постудено
Сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини во утринските часови ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.
Во Скопје, сончево и тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно и постудено време со локални слаби врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање. Потоа до средината на следната седмица времето ќе биде стабилно и суво
Македонија
Без струја делови од Аеродром, Илинден и Гази Баба
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
· во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од ул.1 Црешево и ул.1 Виниче, општина Гази Баба;
· во периодот од 09.30 до 12.00 часот, корисниците на технолошка индустриска развојна зона, м.в.Птицоводна станица (само магацинот објект на Нептун), општина Илинден;
· во периодот од 11.00 до 13.00 часот, дел од корисниците на бул.Кузман Ј.Питу бр.28 и 30., општина Аеродром.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведувзње на водоводен уличен дефект Ф200мм. на улица Димитар Чуповски 27 (позади гимназијата Јосип Брос Тито), со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на улицата Димитрие Чуповски и Мито Хаџивасилев Јасмин.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување на работните активности.

