Македонија
(Видео) Талевски: Две години локална власт, ДПМНЕ и Јовчески ги изневерија прилепчани
Поминаа две години, половина од мандатот како локална власт на Борче и ДПМНЕ во Прилеп. Заклучокот е поразителен: ДПМНЕ ги изневери граѓаните. Нема проекти. Нема резултати, изјави на прес-конференција пратеникот од СДСМ, Миле Талевски.
„Безброј нереализирани изборни ветувања дадени пред граѓаните, безброј нереализирани проекти од изборната програма на градоначалникот.
По заслуга на ДПМНЕ и Јовчески, прилепчани плаќаат и до 300 отсто повисок данок на имот во однос на досегашниот.
Борче и ДПМНЕ ги покачија сметките за комунални услуги за 67 отсто, а поскапеа паркингот и јавниот градски превоз.
За привремени вработувања на партиски војници на ДПМНЕ, Борче Јовчески потроши фантастични 700.000 евра, пари на граѓаните на општина Прилеп.
Иако за 2 години потрошија речиси 50 милиони евра, Борче и ДПМНЕ не успеаја да реализираат ниту еден проект од нивната изборна програма.
Нема катни гаражи и нови кружни текови.
Ветената реконструкција на Старата прилепска чаршија, градските плоштади и амфитеатарот во Варош останаа мртво слово на хартија.
Нема бесплатен оброк за учениците до четврто одделение, ниту бесплатни училишни униформи за децата од социјално загрозените семејства.
Наместо градежна офанзива, на Прилеп му се случува урбанистички хаос. Дивоградби никнуваат на секој чекор, а градот е потонат во целосен мрак.
Повеќе од 250 дечиња и натаму ја чекаат новата детска градинка.
Прилеп се задушува во смет и ѓубре, загаденоста на воздухот достигнува алармантни размери.
Борче и ДПМНЕ ја згаснаа 20-годишната традиција на „Пивофест“.
Со нив спортот во градот го допре дното, вклучително и гордоста на прилепчани – фудбалскиот клуб „Победа“.
Резултати нула!
Борче и ДПМНЕ ги изневерија прилепчани.
ДПМНЕ не ја оправда довербата од прилепчани дадена на локалните избори.
ДПМНЕ ги разочара, ги изневери граѓаните на Прилеп“, рече Талевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

