Македонија
(Видео) Талевски: СДСМ гради за иднината, ИКТ-центар во Прилеп за заштита на податоците на граѓаните
„СДСМ гради современа инфраструктура за иднината. Во Прилеп го реализиравме еден од нашите најзначајни инфраструктурни капитални проекти – ИКТ-центарот за чување и заштита на податоци и закрепнување од катастрофи. Овој капитален објект вреден 11,5 милиони евра е од витално значење за државата“, рече Миле Талевски, пратеник на СДСМ.
„Се работи за современ објект со најсофистицирана опрема, по највисоки безбедносни стандарди, што го прави овој ИКТ-центар прв од ваков вид во регионот.
Со ИКТ-центарот СДСМ обезбедува долгорочна заштита на податоците на граѓаните, а со тоа и трајна заштита на нашиот безбедносен систем.
Проектот е финансиран со средства од ЕУ, односно преку ИПА-програмата и дополнително буџетски средства.
Вкупната инвестиција до целосна функционалност на објектот изнесува 11,5 милиони евра.
Но, не само во стратешки и важни проекти, СДСМ инвестира и гради насекаде во државата, во секоја општина, а Прилеп е пример за тоа.
Во изминатите неколку години реализиравме многубројни проекти важни за прилепчани. СДСМ го направи патот кон езерото, патот кон Тополчани, патот кај Плетвар, кон Мариово, патот кон манастирот во с. Прилепец. СДСМ изгради клучка кај ТИР-зоната. СДСМ изгради нова градинка во населбата Точила за згрижување 252 дечиња. Веќе 2 години чекаме актуелниот градоначалник од ДПМНЕ да ја стави во функција. СДСМ изгради многу, го изгради спортско-рекреативниот центар кај вештачкото езеро.
Веќе е одоброен големиот инфраструктурен проект во должина до 29 километри за изградба на автопатот Прилеп – Битола.
Во тек е реконструкцијата на улицата Леце Котески како дел од проектот „Поврзување со локални патишта во општините“ за што се инвестирани 70 милиони евра.
Владата на СДСМ ја обнови и улицата Мице Козар.
СДСМ продолжува со инвестиции во Прилеп во интерес на граѓаните затоа што развиени општини значат силна економија“, изјави Миле Талевски, пратеник на СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост на патниот правец Тетово – Скопје, врнежи од снег на Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, извести АМСМ.
Врнежи од снег со среден интензитет се бележат на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. На планинскиот превој Пресека се бележат слаби врнежи од дожд и снег – (лапавица).
Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на патниот правец Тетово – Скопје.
Сите патни правци во државата се проодни.
.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја денеска делови од Аеродром, Карпош и Илинден
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 08:30 до 13:30 часот дел од корисниците на улиците 8 и 11 Белимбегово, општина Илинден;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од потрошувачите од улицата Струма, општина Карпош;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од корисниците на булевар Јане Сандански бр. 30, општина Аеродром.
Македонија
Претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд
Облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во југоисточните делови ќе има врнежи од дожд (над 20 l/m²), а на повисоките планини во северозападните делови врнежи од снег. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 7, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно до сабота и релативно топло време со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Во текот на ноќва во југоисточните делови ќе наврне над 20 l/m², а во петок поинтензивни врнежи ќе има во крајните западни делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Од недела ќе настапи заладување и врнежи од снег се очекуваат на планините и во некои од повисоките места.

