Македонија
(Видео) Талески: „Феникс“ го потврди, а Мицкоски го брани криминалот на ДПМНЕ
„Случајот ‘Феникс’ уште еднаш го потврди вистинското криминално лице на неговата партија. Поранешни највисоки функционери од ДПМНЕ се осомничени дека злоупотребиле 57 милиони евра, пари на граѓаните, за 11 споменици од Скопје 2014“, рече Миле Талески, пратеник на СДСМ.
„Според обвинението, биле перени пари преку спомениците, милиони, кои завршувале во џебовите на неколкумина од белата палата. На грбот на македонскиот народ, но и на македонските великани, како Гоце Делчев, Никола Карев, гемиџиите, луѓе од ДПМНЕ се богателе на ангро додека народот осиромашувал“, рече Талески.
Според пратеникот на СДСМ, „’Скопје 2014′ е најголемата пералница на пари, ултракриминал на ДПМНЕ. Но, тоа е само дел од мозаикот на криминални шеми за испумпување пари од буџетот, пари на граѓаните“.
„Има многубројни судски пресуди и долгогодишни затворски казни, има стотици осудени сегашни и поранешни функционери на ДПМНЕ, меѓу кои и за злосторничко здружение.
Дури и седиштето на ДПМНЕ, луксузната бела палата, е криминално стекнат имот врз грбот на граѓаните. Сето ова се факти, кои потврдуваат една константа: ДПМНЕ е криминална партија.
И наместо Христијан Мицкоски да побара целосно расчистување на сите случаи преку законски постапки, наместо да побара одговорност на секој што го прекршил законот, тој го брани криминалот на ДПМНЕ.
Тоа покажува дека ништо не се променило во ДПМНЕ, тоа е истата режимска криминална партија“, изјави Миле Талески, пратеник на СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја делови од Центар, Кисела Вода, Сопиште, Гази Баба и Карпош
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.00 до 16.00 часот, корисниците од ул. Мирослав Крлежа лоцирани позади грчка амбасада, како и стамбените објекти и локалите на бул. Партизански Одреди од бр. 19 до бр. 23, општина Центар;
– во периодот од 08.30 до 13. 40 часот, корисниците од ул. Јустинијан Први лоцирани на потегот од маркет Вајота кон село Студеничани, општина Кисела Вода;
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. 8, како и дел од корисниците од ул. 12 во село Долно Соње, општина Сопиште;
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од улиците 30, 36 и 38 во населба Трубарево, општина Гази Баба;
– во периодот од 09.30 до 12.00 часот, корисниците од бул. Партизански Одреди бр. 70Б – ТЦ АЛУМИНКА, општина Карпош;
-во периодот од 11.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од ул. Женевска, општина Карпош.
Македонија
Времена измена во сообраќајот на делницата клучка Миладиновци – клучка Петровец
На 23/24.02.20026 на Автопат А-1 делница клучка Миладиновци – клучка Петровец ќе се одвива времена измена во сообраќајот поради технички изведувања од ДПТУГ Електра Груп ДООЕЛ, кај клучка Аеродром, во дневен период од 6 до 8 часа, сообраќајот ќе се одвива во сообраќајните ленти за претекнување, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, кон крајот на денот локален дожд
Променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има услови за повремен локален дожд. Претпладне тивко, а попладне ќе дува слаб до умерен ветер во западните делови од западен, а во источните и долж Повардарието умерен повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.
Во Скопје, ончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, освен денеска кон крајот на денот кога ќе има услови за слаб локален дожд. До петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието. Од петок ветерот ќе го смени правецот во југоисточен. За време на викендот облачноста ќе се зголеми.

