Македонија
(Видео) Токсично загадување на Крива Река, водата да не се употребува ни за наводнување, порача градоначалникот Митковски
Врз основа на анализата направена од Институтот за јавно здравје на барање на риболовното друштво „Мрена“, водата во Крива Река е сериозно загадена и спаѓа во најлошата категорија загадени води, неупотреблива за која било намена.
Градоначалникот Сашко Митковски рече дека е зголемено нивото на олово, надминувања има и на цинк и на кадиум, а киселоста на водата е штетна за рибите. Со оваа концентрацијаа на штетните супстанции водата не смее да се користи за ништо, ниту за наводнување.
„Според добиените резултати, концентрацијата на олово во водата достигнува 36,65 микрограми на литар, што е речиси четирипати повисоко од максимално дозволеното ниво. Концентрацијата на кадмиум е повеќе од 20 пати над дозволената граница, а присуството на манган и на цинк е исто така загрижувачки. Матноста на водата изнесува 170 NTU, што е значително над дозволените 10, а суспендираните материи се над 7.876 микрограми на литар – повеќе од 120 пати над дозволеното“ изјави Митовски.
Рече дека не е јасно како компанијата „Булмак 2016“, која управува со рудникот „Тораница“, може да тврди дека хаваријата во нивниот рудник нема никаква врска со загадувањето кога анализите недвосмислено покажуваат присуство на метали што се користат во нивниот производствен процес.
Градоначалникот апелира институциите да реагираат бргу, а Обвинителството да отвори постапка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на ГП „Богородица“ е нормализиран
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ (ГП Евзони) од 21 часот е нормализиран, информира АМСМ.
Поради блокада на границата за влез и за излез во текот на целиот ден, колони возила чекаа на граничниот премин „Дојран“ за влез во земјава. Претходно од АМСМ информираа дека од 11:00 часот сообраќајот на ГП „Евзони“ (Богородица) е блокиран за влез и излез поради штрајк на земјоделците.

На ГП „Дојран“ сообраќајот се одвива непречено, но поради зголемен интензитет има задржувања за влез во државата.
Македонија
Алијанса за Албанците на 27 декември ќе одржи собрание за реогранизација на партијата
На последниот состанок на Претседателството на Алијансата за Албанците, каде што се дискутираше за политичките случувања во земјата и понатамошните чекори кон структурирање на органите, членовите на Претседателството едногласно гласаа за одлуката за свикување на партиското Собрание, соопштија од партијата.
Според најавата, Собранието ќе се одржи на 27 декември и ќе се дискутира за реорганизација на структурите и органите на партијата, партиските политики и важните стратешки документи.
„Алијансата за Албанците продолжува да останува во одбрана на националната кауза, гласот на артикулирање на уставните и законските права на Албанците и зачувување на евроатлантската ориентација на земјата како единствен пат за перспективата на граѓаните“, пишува во соопштението.
Македонија
Повторно во прекин сообраќајот на „Богородица“
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ кон Грција (ГП „Евзони“) од 17:00 часот повторно е во прекин, информира АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин од 11:00 часот поради штрајк на земјоделците.
Во 15 часот повторно беше нормализиран, а сега повторно е затворен.
На ГП „Дојран“ има задржувања за влез во државата.

