Македонија
(Видео) Трипуновски: Итно прогласување кризна состојба за да се спречи ширењето на африканската чума
Состојбата со африканска чума кај свињите станува сè по драматична. Од ден на ден болеста галопира во внатрешноста на државата загрозувајќи ги стотиците милиони евра вложени инвестиции во свињарскиот сектор. На почетокот на годината болеста беше регистрирана во пограничниот регион на општина Делчево, денес истата е регистрирана во општините Македонска Каменица, Виница, Кочани, Чешино – Облешево, со силна тенденција на ширење и во другите делови на Македонија. Ова е само поради тоа што власта не реагираше на време со соодветни мерки за спречување на влез и ширење на болеста, изјави на денешната прес-конференција Цветан Трипуновски, претседател на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој додаде дека Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Агенцијата за храна и ветеринарство ја покажува неспособноста, нефункционалноста и негрижата кон овој сектор во Македонија. Наместо итна реакција, власта формираше координативно тело за справување со болеста, без притоа да ја информира јавноста кои мерки ги донесе ова тело и, уште поважно, дали се имплементираат на терен.
Додека свињарскиот сектор е под сериозна закана, додека е можна загуба на стотици илјади евра, додека болеста галопира, министерот Љупчо Николовски од партиските активности во Маврово Ростуше, директно замина на службено патување во Словенија, немајќи слух за проблемите на граѓаните на кои единствена егзистенција им е токму одгледување свињи.
Поради фактот дека власт не знае како да се справи со ова, не е способна да предложи мерки, ние како ВМРО-ДПМНЕ бараме до владата во најкус временски рок да донесе одлука за прогласување кризна состојба поради епидемија на заразната болест африканска чума кај свињите поради неспособноста на директорот и менаџментот на Агенцијата за храна и ветеринарство.
Според Трипуновски, оваа одлука ќе овозможи активирање и насочување на сите материјално-технички ресурси во спречување и ограничување на ширење болеста и намалување на штетите кои ќе бидат од огромни размери.
Воедно јавно ве предупредуваме, доколку не се донесе оваа одлука, прашање на време е кога, за жал, ќе бидат зафатени поголеми свињарски капацитети што ќе однесат милионски штети на и така разнишаниот свињарски сектор во Македонија, изјави Трипуновски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Угинат балкански рис најден на патот Ресен – Охрид, постојат само 50-тина единки од овој вид
Угинат рис денеска е пронајден на патот Ресен – Охрид. Од Македонското еколошко друштво (МЕД) велат дека ваквиот случај не треба да нè остави рамнодушни, особено ако се земе предвид дека постојат уште само 50-ина единки на балканскиот рис.
„По дојава од Здружението на ловци „Преспа-Ресен“, денеска на терен констатиравме дека е угинат рис на патот Ресен-Охрид. Во тек е координирана акција со Министерството за животна средина и просторно планирање, Државниот инспекторат за животна средина, Агенцијата за храна и ветеринарство и Македонското еколошко друштво со цел земање примероци за анализа и транспортирање на угинатото животно на Факултетот за ветеринарна медицина при УКИМ – Скопје заради обдукција“, велат од МЕД.
Од таму велат дека за зачувување на загрозените видови потребно е да се изградат зелени мостови.
„Ваквите случаи не нè оставаат рамнодушни, особено ако се земе предвид дека постојат уште само 50-на единки на балканскиот рис. Истовремено, се јасен показател дека ако сакаме да ги зачуваме загрозените видови, мора да се планираат и градат зелени мостови преку кои животните ќе можат безбедно да се движат и да ги надминуваат пречките создадени од човекот“, велат од МЕД.
фото/Facebook/Македонско еколошко друштво
Македонија
Ѓорѓиевски на ифтарска вечера: Ваквите моменти нè потсетуваат дека различностите се наше богатство
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на покана на поглаварот на Исламската верска заедница, присуствуваше на ифтарска вечера.

„Таму каде што почитта нè обединува! Вечерва, на покана на поглаварот на Исламската верска заедница, Реис ул-Улема, присуствував на традиционалната ифтарска вечера со нашите браќа и сестри од исламска вероисповед. Во духот на меѓусебната почит, разбирање и искрена човечка блискост, вечерта помина во пријатна и топла атмосфера, испраќајќи силна порака за соживот, толеранција и заедништво. Токму ваквите моменти нè потсетуваат дека различностите се наше богатство, а почитта, наш заеднички темел“, напиша Ѓорѓиевски.

Додаде дека рамазанските денови се денови на духовна сила, добрина, солидарност и обединување, денови кога се отвораат срцата, кога се помага на ближниот и кога уште повеќе се зацврстуваат врските меѓу луѓето.
„Да продолжиме да се почитуваме, да се поддржуваме и да останеме сплотени, за заедно да ја оствариме нашата мисија – силно и модерно Скопје и просперитетна Македонија“, напиша градоначалникот.
Македонија
Предлогот за минимална плата од 600 евра не помина на Комисија во Собрание
Предлогот минималната плата да се зголеми на 36.960 денари (600 евра) од март, денеска не помина на седницата на собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика, откако официјално беше поднесен од пратеничката група на СДСМ.
Од опозицијата обвинија дека власта освен предлогот за јавна расправа го одбила и разговорот меѓу синдикатите, работодавачите и Владата.
„Предлогот за изменување и дополнување на Законот за минималната плата, поднесен од пратениците на СДСМ денеска не беше прифатен на собраниската Комисија за економски прашања. За законот дебатираа само пратениците од опозицијата. Власта го одби и предлогот за јавна расправа, одби разговор меѓу синдикатите, работодавачите и Владата. Одбија решение за работниците. Одбија 600 евра минимална плата“, велат од СДСМ.
Според нив, власта има пари за луксузирање, за мебел, чанти, авион ама нема за поголеми плати за раотниците.
„Парите за авионот не е исфрлени, нема реабаланс на Буџетот, затоа што немаат намера да се откажат. Гледаме координирана кампања на 40% од медиумите кои ги држат во сопственост преку Орбан, со наратив дека „потребен е авион“. Не запираат. Има за авион. Има за мебел. Нема за плати. Дефокус не го полни фрижидерот. Со дефокус не можете да ја оттурнете главната тема и да ги оставите работниците без леб. Мислите дека со дефокус ќе се избрише сеќавањето на авионот, часовниците од 65.000 евра, чантите од 30.000 долари?“, прашуваат од СДСМ.

