Македонија
(Видео) Тунтев: Препораката е дополнителен мотив да продолжиме со реформите
Пораките што денес ги добивме од високата претставничка за надворешна и безбедноста политика на Европската Унија, Федерика Могерини, и вчера од еврокомесарот Јоханес Хан, како и исклучително позитивниот извештај за напредокот на Република Македонија, се јасен сигнал дека нашата државата се движи во вистинскиот правец. Ова го изјави координаторот на пратеничката група на СДСМ, Томислав Тунтев.
„Охрабрувањето што го добиваме од високите европски претставници и кристално чистата и безусловна препорака за полноправно членство на Република Македонија во Европската Унија се признание што го добивме за сите наши досегашни напори, но и дополнителен мотив за нас да го продолжиме патот на реформите. Позитивните оценки во извештајот на Европската комисија се значаен успех за Македонија, која по повеќе години политичка криза и бесперспективност и изолираност, се врати на вистинскиот, на европскиот пат“, рече Тунтев и додаде дека претстои уште многу работа.
Тунтев повтори дека следна задача и цел е одлука за почеток на преговорите со Европската Унија во јуни, што парламентарното мнозинство заедно со Владата ќе гледаат интензивно да ги реализираат и да ги сработат поставените задачи.
Координарот најави дека во насока на зајакнување на улогата на Собранието, по иницијатива на пратеничката група на СДСМ и коалицијата, а во соработка со Националниот демократски институт, ќе обезбедат уште поголема комуникација помеѓу пратениците и Владата.
„Почнувајќи од наредната седница за пратенички прашања, што е планирано да се одржи на 26 април, четврток, премиерот и министрите од Владата за време на паузата ќе бидат достапни за сите пратеници, вклучително и пратениците од опозицијата, за во една неформална и директна комуникација пратениците да имаат можност од прва рака да се информираат за прашања што се од нивен интерес, секако за прашања и проблеми од средините од кои доаѓаат, но и за да алармираат за одредени проблеми. За да се реализира оваа идеја, неопходно беше враќањето на нашите колеги од опозицијата, така што на овој начин сакаме да овозможиме поголема инклузивност, но и да го унапредиме политичкиот дијалог во нашата држава“, најави Тунтев.
Дополнително, како што рече, премиерот Зоран Заев ќе присуствува и на седницата на Националниот совет за евроинтеграции, на Комисијата за европски прашања и на Мешовитиот парламентарен комитет, што треба да се одржи наредната недела, каде што директно ќе ги информира пратениците за извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија, но и за процесите и очекувањата што следуваат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Аеродром и Шуто Оризари денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:
· од 09.00 до 11.00 часот корисниците, од булевар Јане Сандански бр. 30. (Општина Аеродром)
· од 09.00 до 11.00 часот дел од корисниците на ул. Индира Ганди. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар, Ѓавато и Пресека
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП МакедонијаПат.
Намалена видливост до 100 метри поради магла има на планинскиот превој Плетвар, Ѓавато и Пресека, извести АМСМ.
Од 05:25 часот на патниот правец P1105 Удово-Валандово има излевање на Калковска Река на коловозот, се воведува забрана за сообракајот на тој патен правец и се пренасочува на патниот правец Р1401 село Марвинци-Валандово.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со повремен слаб дожд и ветер
Времето денеска ќе биде облачно со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 9 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Времето во наредните денови
Денеска наместа ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег. Потоа во следните два дена времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Нови врнежи од дожд, а на планините снег се очекуваат од четврток.

