Македонија
(Видео) Угриновски по трет пат избран за претседател на Федерацијата на планинари

Јовица Угриновски попладнево по трет пат е избран за претседател на Федерацијата на планинари. Тој беше единствен кандидат за оваа функција. Дел од делагатите замерија дека според Статутот на Федерацијата, Угриновски не може да биде избран по трет пат.
Љубомир Котевски, член на досегашното претседателство и претседател на планинарскиот клуб „Кораб“ тврди дека Статутот е изменет и со измените дозволен е и трет мандат.
„Угриновски е најсоодветен претседател на оваа Федерација. Имавме три предлога, но двајца се откажаа и не прифаќаат, за тоа тој е единствен кандидат. Согласно законот нема лимит и нема ограничување за негов реизбор за претседател на федерацијата“, вели Котевски.
Претседателот Угриновски пред делегатите на Изборното собрание го претстави извештајот за работата на Федерацијата во изминатиот период. Во осум точки тој ги претсави успесите на федерацијата и идните планови. Како голем успех ги претстави средствата издвоени за обнова на руинираната кула „Титов врв“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Дел од Центар денеска без вода

ЈП Водовод и Канализација известува дека денеска поради изведување на водоводен приклучок од ф 80мм на улицата Васил Стефановски бр 2. без вода ќе останат корисниците на дел од улиците Васил Стефановски, Костурски Херои, Борка Талевски, Петар Поп Арсов, 9-ти Мај, Роза Луксенбург, Христо Смирненски во општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на интервенцијата.
Македонија
Без струја дел од Бутел и Карпош

ЕВН Македонија АД известува дека денеска без електрична енергија ќе останат делови од општините Бутел и Карпош.
– во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од дел улица Радишани и дел од улицата Бел камен во општина Бутел,
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од дел од корисниците од улицата Јури Гагарин во општина Карпош.
Македонија
Мицкоски со честитка до ЦДУ: Европа бара промени

Премиерот Христијан Мицкоски ја честиташе победата на ЦДУ на изборите во Германија преку социјалните мрежи.
„Овој успех е потврда за довербата што германските граѓани ја имаат во лидерството и во принципите на кои се темели ЦДУ – стабилност, развој и посветеност на вредностите на европската христијанска демократија.
Заедно да соработуваме за доброто и просперитетот на нашите граѓани. Европа бара промени“, напиша Мицкоски.