Македонија
(Видео) Филипче: Реконструиравме повеќе од 10 јавно здравствени установи низ земјава
Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче изјави дека она што е зацртано на почетокот на мандатот, во голема мера е реализирано. Една од главните цели беа капиталните инвестиции и реконструкциите.
Направивме обнови и реконструкции во повеќе од 10 јавно здравствени установи
Направивме обнови и реконструкции на повеќе од 10 јавно здравствени установи во целата земја и набавивме најсовремени медицински апарати за точна и прецизна дијагностика. Во следниот период планирано е подобрување на условите и во други 34 јавни здравствени установи во државата. Продолжуваме да работиме посветено. Создаваме подобри услови за лекување и престој на пациентите и подобри услови за работа за здравствените работници.
Posted by Венко Филипче on Сабота, 28 декември 2019
„Една од главните цели беа капиталните инвестиции и реконструкциите. Така, годинава, целосно се реконструираа Одделението за интензивна нега на Клиниката за неврохирургија, Клиниката за хематологија, Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија, Клиниката за дигестивна хирургија и Клиниката за гастроентерохепатологија. Целосно се реновираа операционите сали на Клиниката за ортопедија, каде се изведуваат најсофистицирани операции на локомоторниот систем. Целосно се реконстурираа службите за Итната медицинска помош во Здравствените домови во Велес и Битола. Го пуштивме во употреба новиот ургентен центар во Куманово и Кардиоваскуларниот центар во Градската општа болница „8 Септември”. Од темел го изградивме новото одделение во Психијатриската болница во Негорци и машкиот павиљон во Психијатриската болница во Демир Хисар. Во завршна фаза се два капитални проекти, Специјалната болница по хируршки болести „Св. Наум” во Скопје и Специјалната болница за ортопедија и траумотологија „Св. Еразмо” во Охрид“, потенцираше министерот Филипче и додаде дека од следната година започнува со работа и новата болница во Струмица.
Во периодот што следи планирано е отпочнување со реновирање на уште 34 јавно здравствени установи во државата. Набавени се најсовремени медицински апарати за здравствените установи на територијата на целата земја, кои се основен предуслов за точна и прецизна дијагностика и понатамошен соодветен третман на пациентите. Набавени се и 12 нови возила за итната медицинска помош, нови лекови, вакцини и најсовремена медицинска терапија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.
Македонија
Одрон во должина од 80 метри на патот Скопје-Велес: сообраќајот кај Сопот се одвива по една лента
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес, околу два километри пред Сопот, од 21 часот се одвива по една коловозна лента (десната) поради поголем одрон.
Како што информираат oд АМСМ, одронот е во должина од 80 метри.
Фото: илустрација (depositphotos)
Македонија
СДСМ-Кисела Вода бара итна исплата на надоместоците за избирачките одбори
Општинската организација на СДСМ-Кисела Вода од градоначалничката на оваа општина бара итно постапување по одлуката на Советот на Општина Кисела Вода од 7-та пленарна седница одржана на 29 јануари 2026 година, со која е предвидена исплата на надоместоците на членовите на избирачките одбори од последните локални избори.
Во писмото се наведува дека одлуката е донесена, средствата се обезбедени, но дека изостанува извршната постапка.
„Одлуката е донесена. Обврската е јасна. Средствата се обезбедени. Она што недостасува е – Ваша извршна постапка“.
Од СДСМ – Кисела Вода порачуваат дека станува збор за средства обезбедени од државата за реализација на изборниот процес и оценуваат дека секое понатамошно одлагање претставува поткопување на институционалниот интегритет.
Тие бараат најдоцна до утре да се пристапи кон исплата на средствата согласно одлуката на Советот.
Во спротивно, советничката група на СДСМ најавува испраќање официјален допис до Државната изборна комисија, известување до Министерството за локална самоуправа и информирање на претставници на меѓународната заедница.

