Македонија
(Видео) Хуманитарен базар пред седиштето на СДСМ
„Имам голема чест да го отворам овој хуманитарен базар организиран од нашиот Социјалдемократски сојуз на Македонија. Навистина честа е голема заради тоа што ја користиме приликата секогаш да ги покажеме нашите Социјалдемократски вредности. Солидарноста, хуманоста и меѓусебното почитување се основни Социјалдемократски вредности на кој што почива нашето делување , работење и функционирање како политички субјект во нашата земја.
Вашето присуство денеска на сите овде покажувате дека силно ги поддржувате токму овие вредности. Со овој настан денеска овозможуваме преку нашите донации, преку солидарно донирање да им помогнеме на бездомните семејства кој што се сместени во згрижувачкиот капацитет во Визбегово, но и до сите наши сограѓани кои што се обратиле за помош до сите нас. Јас верувам дека ваквите Социјалдемократски вредности навистина испраќаат ја пораката на хуманост, солидарност, меѓусебно поддржување и почитување до сите граѓани во нашата земја. Во овој период, период на празници навистина треба да го отвориме срцето, да подадеме рака и меѓусебно да си помогнеме“, изјави лидерот на партијата, Зоран Заев.
Денеска има овде доста носители на јавни функции кој што институционално се вградени за нашата солидарност како општество ,за нашата хуманост и нашето помагање. Денеска имаме можност и со индивидуален чин како личен гест да направиме исчекор во меѓусебното помагање и почитување за оние на кои што им е потребна помош, додаде тој.
„Сакам да испратам порака до сите, овде на овие штандови преку купување на пијалок, преку купување на производите кои што се нудат но и преку донирање во кутиите кои што постојат или купување на некој од реквизитите дека директно ги помагаме овие наши сограѓани на кои што верувајте навистина им треба помош. И ве повикувам сите да продолжиме во духот на солидарноста и хуманоста како главни Социјалдемократски вредности заедно сите да градиме фер, праведно, едно и еднакво општество за сите“, додаде Заев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

