Македонија
(Видео) Царовска: Без Договорот од Преспа нема економски развој, туку сиромаштија
Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат да ја замајуваат јавноста заговарајќи укинување, поништување или ревидирање на Договорот од Преспа. Најновото замајување е од техничката министерка за труд и социјална политика, која глуми дека го враќа поранешното уставно име, иако потпиша „ќе го почитувам Уставот и законите на Република Северна Македонија“, изјави Мила Царовска, потпретседателка на СДСМ.
Според неа, договорот од Преспа значи просперитет за државата, а заговарачите против него не си ја сакаат државата.
„Укинувањето коишто го најавува ВМРО ДПМНЕ значи укинување на нашето членство во НАТО,значи изгубени милијарди евра странски инвестиции,спречување на економскиот развој и осиромашување на граѓаните.Нема договор од Преспа нема ЕУ перспективи за нас.Секој од нас треба да е свесен дека тоа не е добро и не’ води кон потполно уништување, мрак и изолација.
Како држава веќе еднаш го искусивме ембаргото и блокадите од Грција. Видовме што значат спуштени рампи на границите, ограничена слобода на движење на граѓаните и трговската размена.Повозрасните го паметат тоа добро. Верувам никој од нас не сака тоа да се повтори и тоа токму сега кога сме на чекор до отпочнување на преговори со ЕУ. Сега кога имаме можност да градиме заедно европска иднина.Грција лани стана наш трет стратешки партнер во трговската размена со вкупна вредност од 1 милијарда американски долари. Грција преку солунското пристаниште ни е главната врска со светот од која сме економски зависни. Овој стратешки партнер не смееме да го изгубиме“, вели таа.
Според Царовска, фактот што Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат да заговараат укинување на Договорот од Преспа е јасен показател дека не ја гледаат нашата држава во НАТО и ЕУ, дека не се заинтересирани за развој на економијата и за овозможување на подобра иднина за младитеБлагодарение на Договорот од Преспа, имаме тренд на зголемување на инвестициите, подобро платени работни места, подобри услови за вработување, подобри перспективи за младите генерации.
„Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат казнети на 12 април затоа што ја замајуваат и манипулираат јавноста заговарајќи враќање назад со укинување, поништување или ревидирање на Договорот од Преспа. Договорот од Преспа овозможува да чекориме напред, да ја развиваме економијата и да создаваме европска иднина за младите. Единственото што го нуди Мицкоски и неговата богата партија е враќање назад, економска стагнација, ризик од нови ембарга и блокади, и осиромашување на државата и нејзините граѓани.Затоа сме ние тука, затоа се тука граѓаните – Пријателството со Грција ќе живее, а како резултат на тоа и нашите реформи стануве членка на НАТО – тоа ВМРО-ДПМНЕ нема да го спречи“, истакна Царовска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ноќеска повремени врнежи дожд насекаде
Управата за хидрометеорологија извести дека кон крајот на денот во крајните западни региони ќе има повремени врнежи од дожд, кои во текот на ноќта ќе се прошират насекаде. На повисоките планини на северозапад врнежите ќе бидат од снег. Во западните делови ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.
Македонија
(Видео) Полицијата заплени 40 тони дрога: откриена неусоглесеност на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат
Министерството за внатрешни работи извести дека во тек е опсежна акција, во рамки на која е запленета голема количина на марихуана. Во правно лице во Скопје пронајдени се и одземени околу девет тони марихуана и над 1300 шишиња произведено масло од канабис (полупроизвод). Од правни лица пак од источниот регион, одземени се над 31 тон марихуана и биомаса.
Во координација со Царинската управа и надлежната Комисија за контрола на овој вид на дејност од Министерство за здравство извршени се контроли во повеќе правни лица чија основна дејност е одгледување зачински, ароматични и лековити растенија и растенија со употреба во фармацијата, а во координација со јавен обвинител од ОЈО за ГОКК, се преземаат мерки и активности заради утврдување на фактите дали неодамна запленетата марихуана во Р.Србија потекнува од нашата држава.
„Со оглед на тоа дека едно од осомничените и приведени лица во Р.Србија е дел од сопственичката структура во правното лице од Скопје, извршени се детални проверки и контроли на количината која е затечена во правното лице и целосната документација која што е пронајдена во просториите на правното лице. Врз основа на пронајдената документација од страна на Комисијата од Министерството за здравство сочинет е записник, во кој се констатирани низа неправилности при работењето и голема неусогласеност во однос на количините кои правното лице ги поседува, произведува, набавува и отуѓува. Со оглед на констатираните неправилности и по доставено известување од надлежен Јавен обвинител, од просториите на правното лице е подигната целосната количина на пронајдена марихуана“, известија од МВР.
Полицијата извршила проверки во неколку правни лица во источниот регион каде исто така од надлежната комисија се утврдени неправилности и неусогласеност во однос на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат, по што е одземена затекнатата количина.
Министерството за внатрешни работи во координација со ОЈО ГОКК, каде е формиран посебен тим за овој и слични предмети, продолжува и во наредниот период со преземање на мерки и активности за целосно расчистување на овие случаи.
МВР по завршување на акцијата и по целосно расчистување на случаите детално ќе ја информира јавноста.
Македонија
Петнаесетгодишник претепан пред обложувачница во Скопје
Осумнаесетгодишник ноќеска претепал петнаесетгодишник пред обложувачница во Скопје, а настанот го пријавиле лекарите од Клинички центар.
„Утрово во 06:31 часот во Полициската станица Кисела Вода од Ургентен центар при комплекс клиники ’Мајка Тереза’ во
Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен 15-годишник од Скопје, кој претходно, според пријавеното околу 00:30 часот во обложувачница во Скопје бил физички нападнат од Л.В.(18)“, извести МВР.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

