Македонија
(Видео) Црни вреќи со роба од шест милиони евра во кавадаречко и битолско – полицијата со снимки од акацијата
Полицијата заплени голема количина на марихуана од две фабрики за производство на канабис за медицински цели.
Oд МВР информираат дека од фирма во Кавадаречко била одземена марихуана во вкупна количина од 1 тон, 570 килограми и 135 грама, и тоа како финално обработен и необработен сув цвет од канабис, биомаса од канабис, суви листови и суви гранки од канабис.
При контролата биле констатирани неправилности при работењето, односно во сеф собата бил пронајден сув цвет од канабис кој не бил означен и спакуван согласно законските прописи, а во останатите простории била пронајдена непријавена сува маса од канабис за кое правното лице не доставило известување до Комисијата при Министерство за здравство.
Воедно, не била пријавена ни количината на финален сув производ, а во целиот процес на одгледување се постапувало незаконски, бидејќи иако имале законска обврска да ја известат Комисијата, тоа не го правеле за да можат произведената дрога марихуана да ја пуштат во продажба на црниот пазар, чија вредност изнесува околу 6 милиони евра и на тој начин да се стекнат со противправна имотна корист, соопшти од МВР Сузана Прањиќ Талевска.
Исто така, од фирма со седиште во битолско, биле одземени 300 килограми марихуана и 494 растенија канабис. Министерството за внатрешни работи поднесе две кривични пријави против сопствениците на правните субјекти, за кои е утврдено дека се државјани на Република Албанија, и тоа од СВР Битола по член 215 од Кривичниот законик и член 95 В од Законот за контрола на опојни дроги, како и од страна на ОВР Кавадарци поднесена е кривична пријава по член 95 В.
Министерството за внатрешни работи, во координација со Јавен обвинител, презема понатамошни мерки и активности за утврдување на одговорност и на останати лица инволвирани во незаконска трговија со дрога.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Превозниците вечерва ја прекинуваат блокадата на границите
Вечерва во 20:00 часот ќе биде прекинат протестот на граничните премини за тешки товарни возила, информира АМСМ.
На патниот правец Р-1302 Берово – Струмица (кај с.Ратево) поради поголем одрон сообраќајот се одвива по направена девијација во должина од 50 метри.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Слаби врнежи од снег се бележат на патниот правец с.Лисец – Попова Шапка. Појава на магла и намалена видливост на планинските премини: Плетвар до 50 метри, Пресека до 100 метри и Стража до 150 метри.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година. Повеќе информации може да прочитате на овој линк.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Муцунски и еврокомесарката за проширување, Марта Кос, разговараа за предизвиците на превозниците
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, попладнево оствари телефонски разговор со еврокомесарката за проширување, Марта Кос.
Фокусот на разговорот беше ставен на актуелните економски предизвици и евроинтегративниот процес, соопштија од Министерството.
„Соговорниците разменија мислења за изнаоѓање конкретно и одржливо решение за предизвиците со кои се соочуваат професионалните превозници, како и за прашањето поврзано со тарифите за челик. Во тој контекст, министерот Муцунски ја нагласи потребата од навремена и координирана реакција, со цел да се избегнат дополнителни негативни ефекти врз домашната економија“, се наведува во соопштението.
Во контекст на евроинтегративниот пат на државата, министерот Муцунски ја потврди јасната и силна посветеност кон реформскиот процес, обезбедувањето континуитет во неговото спроведување, како и усвојувањето на законите кои се составен дел од европската агенда.
Македонија
Гаши на средба со австрискиот амбасадор
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, на денешната средба со амбасадорот на Република Австрија ги истакна пријателските односи помеѓу двете земји и се заблагодари за подршката на Австрија на интегративниот пат на нашата земја во Европската Унија.
Амбасадорот Памер, во контекст на одличните односи помеѓу двете држави, го информираше претседателот за проект кој ќе го унапреди културното поврзување меѓу двете држави. Амбасадорот истакна дека за вакви големи проекти е потребна поддршка од највисоките институции, вклучително и од Собранието.
Претседателот истакна дека ги поддржуваа проектите кои ја унапредуваат соработката и ги продлабочуваат односите на билатерално ниво и оттука Собранието е на располагање да го поддржи проектот.
Соговорниците разменија мислења и за актуелните политички случувања кај нас и во светот, како и за процесот на европската интеграција.

