Македонија
(Видео) Шахпаска: Згрижувачкото семејство Гошеви обезбедува топол дом и родителска грижа за три малолетни деца
Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, денеска го посети згрижувачкото семејство на Красимира и Мите Гошеви кои згрижуваат три малолетни дечиња, со различни социјални и здравствени ризици.
Децата се на возраст од три, тринаесет и седумнаесет години. Целта на посетата на згрижувачкото семејство Гошеви е да се афирмираат згрижувачките семејства како форма на згрижување на деца без родители, најблиска до семејната атмосфера.
„Згрижувачкото семејство Гошеви, со својата посветеност и грижа целосно успеале децата да ги адаптираат во семејството. Како Министерство за труд и социјална политика тоа беше и нашата заложба преку социјалната реформа – деинституционализација, што повеќе деца, без родители и родителска грижа да бидат сместени во опкружување кое е најблиску до семејната атмосфера. Среќата на децата се чита од нивните очи, а среќни се децата кои се опкружени со љубов, нега и внимание. Затоа ние се стремиме кон создавање услови што е можно повеќе семејства да се јават како згрижувачи на деца, бидејќи праксата покажа дека тоа е најдобриот начин за детскиот правилен раст и развој“, рече министерката.
Според неа, децата можат да напредуваат во животот само доколку имаат семејна поддршка.
Неодамна се отворени центри за поддршка на згрижувачки семејства. Првиот ќе функционира при Јавната установа за деца „11 Октомври“ во Скопје и ќе опфаќа 181 згрижувачко семејство со околу 326 корисници. Вториот Центар е дел од ЈУ „Домот за доенчиња и мали деца“ во Битола, каде што стручна поддршка ќе добијат 113 згрижувачки семејства кои се грижат за 169 корисници.
Центрите за поддршка на згрижувачките семејства се воспоставени со новиот Закон за социјална заштита и нивна задача ќе биде подготовка, проценка и обука на идни згрижувачки семејства. Во моментов околу 300 згрижувачки семејства се грижат за околу 500 деца.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Филипче: Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, реагираше на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски.
„Наместо да ги спроведе реформите што Европа ги бара две години, Мицкоски нуди само изолација и анти-ЕУ кампања. Преку 70% од граѓаните сакаат ЕУ – а тој зборува за „булинг“ и „прва и втора лига“. Тоа не е булинг, тоа е последица од неисполнување на обврските: правда, слобода на медиуми, борба против корупција. ВМРО секојдневно создава конфликти со соседите а на критиките од Брисел одговара со напади врз ЕУ. Затоа нема напредок, затоа 5 тони дрога излегуваат преку македонската граница неказнето, затоа судството и обвинителството се под контрола, а медиумите се задушени преку моделот на Орбан. Европа ни даде јасна шанса до 2027, заедно со регионот! Црна Гора и Албанија напредуваат. Ние? Само ако престанеме со оваа политика на изолација што намерно ја турка Мицкоски. Мицкоски ВМРО не сакаат ЕУ – сакаат да крадат на тендери без надзор. Тоа не е европска вредност. Тоа е криминална вредност. Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски“ стои во реацијата на претседателот Филипче.
Македонија
(Видео) Не гледам потреба за одржување на предвремени парламентарни избори, вели премиерот Мицкоски
Премиерот Христијан Мицкоски не гледа потреба за одржување на предвремени парламентарни избори. Тој нагласи дека во разговорите со меѓународната заедница и со граѓаните како главен приоритет се посочуваат реформите и нивната реализација.
„Тоа е она што е главен фокус и приоритет на оваа Влада. Реформи и испорака. Се разбира дека ВМРО-ДПМНЕ како најголема политичка партија во државата мора да се однесува одговорно кон граѓаните, иако после локалните избори и оној апсолутен триумф, политички гледано нас ни одговара да има предвремени парламентарни избори, но и покрај сето тоа нашиот приоритет и фокус е испорака и реформи за подобар живот и стандард на граѓаните“, истакна Мицкоски.
Македонија
(Видео) Манасиевски: Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, морало се да оди по насока на Заев
Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, кажа денеска на прес-конференција, Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Ристо Катевеновски, поранешен судија на Врховниот суд тврди дека бил разрешен поради тоа што не дал позитивно мислење за судски случај по барање на тогашните власти СДС и ДУИ. На судско рочиште судијата Катевеновски истакнал дека нема да даде позитивно мислење во случајот поврзан со поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, и дека ќе биде потребно да се разговара со неговите колеги за понатамошно дејствие. Но, по само еден ден од оваа дадена изјава на Катевеновски, кој вели дека била дадена зад затворени врати, Судскиот совет свикал итна седница на која тој бил разрешен. Сведоштвото на Катевеновски води кон тогашните власти, а како што вели тој – неговото разрешување дошло од СДС и ДУИ, или во превод од Зоран Заев и Али Ахмети“, рече Манасиевски.
Тој истакна дека „правдата и вистината која Заев ја ветуваше кога дојде на власт се покажа како селективна“.
„Но, она што е клучно е тоа дека повторно добиваме сведоштва за притисокот на СДС и ДУИ, кон правосудните органи. Она кое ние го говориме во јавноста со години, сега веќе и се потврдува. Тие биле оние кои одлучувале кој ќе се апси, а кој ќе се апстрахира од одреден случај. СДС и ДУИ си ја партизираа државата и нејзините институции. ВМРО-ДПМНЕ тоа повеќе нема да го дозволи повеќе. Потребна е одговорност!“, заклучи Манасиевски.

