Македонија
(Видео) Шахпаска: Направивме голем исчекор во родовата еднаквост,социјалната реформа и за пензискиот систем
„Вечерва ќе говорам за она што ја претставува мојата вокација и за она што се залагав во македонското собрание изминативе години. Тоа е родовата еднаквост,социјалната реформа и реформата во пензискиот систем. Тоа се три области во кои ние како социјалдемократи направивме историски скок“,посочи носителката од ИЕ 3, Јагода Шахпаска на граѓанската трибина во Велес.
„Ние сме генерација на пратеници која многу силно се бореше за ратификација на Истанбулската конвенција, која се базира на спротивставување на родово и секаков друг облик на насилствовои општеството. Таа е ратификувана но нејзината имплементација зависи од нејзината законска регулатива која како задача ни остана за следниот мандат“,истакна Шахпаска.
Нов закон за мобинг и санкции за извршителите на истиот, ослободување на жените од стереотипни обврски во семејството и нејзино изедначување во правата и можностите како и мажите, се дел од она кое го нуди Социјалдемократскиот сојуз на Македонија за следниот мандат.
„Опфатот на деца во градинки го зголемуваме за 7500 деца, ќе ја продолжиме успешната приказна на реновирани 43 градинки, како и вработување на нови негователки и воспитувачки. Ја покачивме платата на негователките од 14.500 на 20.000 денари, а воспитувачките денес добиваат плата рамна со високото образование“, рече таа.
Шахпаска зборуваше и за мерките и политиките кои се од особено значење за жената. Тоа е најлибералниот закон за прекин на бременоста, кој и остава можност на жената да одлучува за себе, колку деца и со кого ќе ги има без предрасуди ниту влијание како тоа што беше правено од претходната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
Таа истакна дека навистина е историски исчекор, кој го нема направено ниту една партија досега е и 50-50 % учество на листите за пратеници и активно учество на жената во политиката.
„Нема да застанеме на 5000 согласности, 780 вработени доктори и 1000 сестри, продолжуваме понатаму ги поддржуваме специјализанти со цел да ги задржиме, дома.Штотуку дипломираните доктори со лиценца добиваат платена работа“,истакна Шахпаска.
„Никој не е заборавен, па така и продолжуваме со грижата за лицата со попреченост. До 2021 за 21 % ќе се зголеми додатокот за лицата со попреченост и ветуваме дека нема да постои институција која нема да биде достапна за нив. Таа ги спомна и формирањето на мали групни домови, како во секое семејство, со топлина и пристоен живот“,порача Шахпаска.
Пензионерите, пак, конечно со доаѓањето на оваа власт го добија и законското усогласување, а во следниот мандат проектиравме зголемување на минималната пензија за 21 %. Тука е и социјалната пензија, 6000 денари кои можеби не се многу,но многу значат за оние кои до вчера не земале ниту денар, посочи таа. Шахпаска сосема на крајот порача граѓаните да излезат на 15 јули, почитувајќи ги сите протоколи, и го дадат својот глас.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

