Македонија
(Видео) Шахпаска се сретна со синдикатите, најави дека приоритет ќе биде новиот Закон за работни односи
Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска на првиот работен ден од преземањето на функцијата оствари средба со претставници на синдикатите во државата.
„Еден од Законите кои ќе го одбележат периодот на менаџирање со Министерството за труд и социјална политика ќе биде Законот за работни односи, како системски закон, кој последен пат е донесен 2005 година и иако до денеска има претрпено измени, покажа бројни слабости за проблемите со кои се соочуваат работниците“, истакна министерката.
Таа посочи дека во социјалниот дијалог ќе бидат вклучени и работодавачите како партнери.
„Во време во кое се соочуваме со коронакризата која има сериозен импакт и во економијата, приоритет на нашата Влада е зачувување на секое работно место и силна поддршка на компаниите како најпогодени од кризата”, нагласи Шахпаска.
Двете страни се согласиле на целосна соработката во периодот кој следува, низ дијалог, размена на идеи и решенија за предизвиците со кои се соочува оваа област.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.
Македонија
Жичницата на Водно не работи поради силен ветер
Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје преку својата фејсбук страница информира дека жичницата на Водно денеска нема да биде во функција поради засилен ветер.
Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно., велат од ЈСП.
„Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците“, велат од претпријатието.

