Македонија
(Видео) Шекеринска на состанок на Северноатлантскиот совет во Брисел
Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, вчера и денес во Брисел учествува на министерски состаноци на Северноатлантскиот совет на ниво на министри за одбрана, вторпат по потпишувањето на пристапниот протокол за членство на нашата земја во алијансата. Северна Македонија активно учествува во дискусиите за важни глобални прашања. На првата сесија на состанокот на министрите за одбрана се зборуваше за непочитувањето на Договорот за нуклеарното оружје со среден дострел од страна на Русија.
На состанокот министрите за одбрана повторно ја повикаа Русија да ја напушти политиката на непочитување на овој договор, кој е еден од столбовите за безбедноста на европскиот континент.

General view
Во својата изјава, генералниот секретар на алијансата, Јенс Столтенберг, во името на министрите за одбрана истакна дека НАТО се подготвува за свет без ваков важен договор, а како мерки што би биле во сила по 2 август, доколку позицијата на Русија не се промени, ги наведе воените вежби, противракетната одбрана и активностите за набљудување и извидување.
Пред состанокот на Северноатлантскиот совет, Шекеринска разговараше со министерките за одбрана на Шпанија и на Холандија, Маргарита Роблес Фернандес и Анк Билјевелд Шоутен. И шпанската и холандската министерка изразија силна поддршка за членството на нашата земја во алијансата, а министерката Шекеринска изрази очекување дека ратификациските процеси и во овие две пријателски и партнерски земји ќе завршат во кус период.

На средбата со норвешкиот министер за одбрана, Франк Баке-Јенсен, Шекеринска се заблагодари за ратификацијата на пристапниот протокол во норвешкиот парламент. Министерката истакна дека надежта и амбициозниот план на нашата држава, како и посветеноста на сојузниците на прашањето на ратификација, покажуваат дека тој може да заврши во рекордно време, односно до декември годинава. Шекеринска и Баке-Јенсен заклучија дека билатералната одбранбена соработка помеѓу Северна Македонија и Норвешка е на исклучително високо ниво и се заложија оваа соработка да продолжи да се развива и како сојузници во НАТО.

Radmila Sekerinska Jankovska (Minister of Defence, North Macedonia) and General Tod D. Wolters (Supreme Allied Commander Europe)
Министерскиот состанок продолжува денеска со две сесии, од кои едната посветена на мисијата на алијансата во Авганистан, „Одлучна поддршка“. Денеска ќе се реализираат и дополнителни билатерални средби со министри за одбрана на земјите членки на НАТО.
По самитот, министерката ќе учествува на престижниот бриселски форум, организиран од германскиот Маршалов фонд, каде што ќе говори на тема иновациите и новиот пристап кон безбедноста.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

