Македонија
(Видео) Шекеринска: Очекуваме нов бран на мигранти поради нередите во Сирија
Она што се случувa во Сирија, ќе има влијание и врз Македонија со зголемување на мигрантскиот притисок. Ние како држава ги подготвуваме границите за тоа, истакна вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска која заедно со премиерот Зоран Заев и вицепремиерот задолжен за евроинтеграции Бујар Османи одржаа отворен брифинг пред македонските медиуми.
– Она што се случува денеска уште од раните утрински часови во Сирија покажува колку е кревка безбедносната ситуација во светот и колку за жал темите од типот на мир и безбедност повторно стануваат главни теми. Тоа ни покажува и нам како мала држава колку ни е важно да бидеме дел од системи за колективна безбедност, рече Шекеринска поосочувајќи дека во наредните денови ќе имаат дополнителни разговори со Министерството за внатрешни работи и со сите други институции околу можни зголемувања на притисокот на границата.
– Но, дури и без нападот во Сирија јасно е дека притисокот врз границата постои. Не е така видлив како во 2015 година, но фактот дека пред некое време имавме околу стотина мигранти кои нелегално се обидуваат да ја поминат границата и за среќа без фатени покажува дека Македонија и регионот, практично треба да се навикнат дека ова ќе трае и дека мора да имаме систем кој ќе биде постојано активен, а не по потреба, рече Шекеринска.
На прашањето дали Македонија ја поддржува одлуката на западните земји за нападот во Сирија, министерката Шекеринска рече дека веќе го искажале официјалниот став кој се потврдува со мерките кои ги презеде државата во поглед на користењето на хемиско оружје по една друга тема.
– Ние веруваме дека мир во светот е возможен и стабилен свет е возможен само ако ги почитуваме глобалните правила. Едно од тие глобални правила со консензус прифатени во светот е забраната за користење на хемиското оружје. Употребата на хемиското оружје во Сирија утре може да значи употреба на хемиско оружје секаде. Нашиот став беше јасен, принципиелен и дел од нашите стратешки определби, додаде Шекеринскa.
Виктор Јованов
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од дел од улицата Христо Смирненски од бр. 19 до крајот на улицата кон булеварот Партизански Одреди, општина Центар;
· од 08:30 до 14:00 часот, Индустриските објекти на булеварот Босна и Херцеговина, (Фурна – Диме, поранешни магацини – Центро и поранешна фабрика ИГМ), општина Бутел;
· од 08:40 до 09:40 часот, корисниците од дел од улицата Козле, општина Карпош.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, ќе дува засилен ветер од северен правец
Променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (локално над 60 km/h), особено во источните делови и во Пелагонија. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 3 до 11 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Во четврток утрото ќе биде ведро и студено, насекаде со негативни минимални температури. Во текот на ноќта кон петок и во петок ќе има нови врнежи, во пониските места од дожд, на повисоките од дожд и снег, а на планините од снег. Потоа во деновите од викендот времето ќе биде променливо облачно и постудено со умерен до засилен северен ветер. Од понеделник дневната температура ќе биде во пораст.
Македонија
Забранет сообраќајот на регионалниот пат Гостивар – село Чегране поради излевање на реката Вардар и обилниот дожд
Во 20.40 часот е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране поточно во село Форино, поради излевање на реката Вардар и обилни врнежи од дожд, извести АМСМ.
Сообраќајот се пренасочува од село Чајле кон село Старо Чајле према село Форино.
Воведена е забрана за сообраќај и на локалниот пат од „Тумчевишка Петла“ кон село Тумчевиште и село Чегране, додаваат од АМСМ.

