Македонија
(Видео) Шилегов на трибината „Најдоброто за нашата општина“: Скопје го направивме успешна приказна
Заедно со вас граѓаните успеавме да создадеме едно сосема ново, едно поинакво Скопје да го претвориме Скопје во една сосема поинаква, успешна приказна, а таа приказна не завршува тука. Скопје денес е многу подобро од пред 4 години. И тоа е така затоа што Скопје го заслужува најдоброто. А најдоброто допрва следува, порача пред насобраните граѓани на трибината на СДСМ под мотото „Најдоброто за нашата општина“, градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов.
Тој додаде дека после 4 години вложување многу љубов, средства, волја и упорност, разликите се видливи
„Луѓе без визија и морал не затрупаа во камен, стиропор и бронза, служевме за потсмев во светот додека се буквално се гушевме од невкусот и криминалот и во загадениот воздух, што ни го оставија во аманет, а денес, после 4 години вложување многу љубов, средства, волја, упорност во секое маало, во секое катче од Градот убав, од нашето Скопје, разликите се видливи, разликите се неспоредливи, нагласи Шилегов, додавајќи дека токму тоа опозицијата најмногу ја боли и води црна пропаганда, која паѓа во вода кога се возат по новиот булевар Христијан Тодоровски Карпош, до обиколница, кога возат велосипед на булевар АСНОМ, кога се движат по Никола Карев или пластичарска или Босна и Херцеговина“, рече Шилегов.
Тој наведе дека само минатата година се реконструирани и изградени вкупно 21 улица, сите 23 средни училишта во градот се реконструирани и сега имаат нови енергетски ефикасни фасади и прочистувачи за воздух во секоја училница.
„Бас рапид транзит системот на брз автобуски превоз популарно наречен „трамвај на тркала“ е на чекор од неговата имплементација. Со потпишувањето на договорот за заем од 70 милиони евра, со поддршка на Владата, процесот на воведување на БРТ во Скопје го доведовме до точка од која нема враќање. За 4 години ќе почне да работи на двата правци“, истакна Шилегов, додавајќи дека токму СДСМ во Скопје имплементира најбрз концепт за превоз на патници во Европа.
Според Шилегов, денеска никој веќе не зборува за загадување.
„Започнавме војна со аерозагадувањето со воведување на нови 40 мерки“, истакна Шилегов.
Тој додаде дека само со субвенциите за инвертер клима уредите во Скопје се заменети 6.500 грејни тела, изградени се 2 нови зелени кровови на ГТЦ и Домот на градежници, третиот на Мавровка се прави, а воведен е целосно нов концепт за третман на комуналниот отпад, дивите депонии и дивите паркиралишта ги претвораме во паркови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Законот за високо образование нема да биде повлечен, јавнaта расправа продолжува
Министерката за образование и наука Весна Јаневска на пленарна седница изјави дека нема да го повлече нацрт-законот за високо образование.
Таа посочи дека во моментов се одржуваат јавни расправи на сите универзитети и дека нацрт-текстот е објавен на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР), каде што сите засегнати страни можат да достават коментари.
На прашање од пратеничката од СДСМ, Бисера Костадиновска-Стојчевска, која изнесе забелешки, Јаневска одговори дека законот е „за добробит на сите“ и дека реакциите не можат да се генерализираат.
Според министерката, предлог-законот е усогласен со европски и светски стандарди и предвидува подобрување на студентските права, двегодишен мандат за универзитетските тела, можности за ангажман на демонстратори и вработување на студенти на проекти, како и поддршка за најдобрите студенти.
Јаневска нагласи дека членот 13 се однесува на заштита на автономијата на универзитетите и дека во изработката на текстот учествувале над 60 професори.
Македонија
Гаши во Стејт департментот: Верската хармонија во земјава како модел за општеството
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари средба со Мајкл Дозлер, раководител на Одделот за европски и евроазиски прашања во Канцеларијата за меѓународни верски слободи, како и со други претставници во Стејт департментот на САД.
За време на средбата, претседателот Гаши нагласи дека нашата земја ужива верска хармонија, која треба да служи како модел за унапредување на другите општествени односи. Беше дискутирано за важноста на толеранцијата и негувањето на верските вредности, а воедно и зачувувањето на секуларниот карактер на државата.
Дозлер изрази благодарност за моделот на хармонија што постои во земјата и нагласи понатамошна поддршка за иницијативите што промовираат мир и соработка.
Меѓу другото, беа дискутирани и искуствата и средбите одржани за време на последната посета на претседателот во Вашингтон (февруари 2026 година), каде што Гаши изрази благодарност за меѓудржавната соработка и партнерство.
Македонија
Гоце Наумовски стана нов уставен судија
Собранието со 63 гласа „за“, седум „против“ и без воздржани го избра професорот Гоце Наумовски за нов уставен судија, по што тој даде свечена изјава дека функцијата ќе ја извршува совесно, одговорно и во согласност со Уставот и законите.
Наумовски е редовен професор по римско право на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ – Скопје.
Доаѓа на местото на судијката Јадранка Дабовиќ-Анастасовска, која во декември поднесе оставка од функцијата судија на Уставниот суд, поради здравствени и лични причини.

