Македонија
(Видео) Шкријељ: Правата на децата се над сè, наставниот процес да продолжи

Правото на штрајк е загарантирано, но загарантирано е и правото на образование на учениците. Како што веќе посочија и Народниот правобранител и УНИЦЕФ, правата на децата се и мора да бидат над сè. Затоа, наставниот процес мора да продолжи, учениците не смеат да трпат последици, изјави на денешната прес-конференција Санела Шкријељ, пратеничка од СДСМ.
Таа додаде дека Владата предводена од СДСМ веќе подготви конкретно решение, а тоа е зголемување на платите во висина од 10 отсто, односно плати повисоки од 2.500 до 3.000 денари по вработен. Освен ова, ќе се отвори и процес за нов општ договор и нова методологија за постојан раст на платите во образованието и детската заштита. Со оваа методологија, висината на платата на наставниците, воспитувачките и негувателките веќе нема да зависи од политичката волја на владите, туку ќе расте согласно методологија.
Шкријељ истакна дека СДСМ преку владата што ја предводи покажа вистинска грижа за образованието и за детската заштита. Покачени се платите во основните, средните училишта, како и во градинките, се инвестираше во изградба реконструкција и опремување на објекти на училишта и градинки. Следува и ново зголемување на платите во време на глобална економска криза, затоа СОНК треба да го прифати предложеното зголемување на платите а децата да се вратат назад во воспитно образовниот процес.
Правата на децата се над сè, не смееме да дозволиме нарушување на наставата и евентуално пролонгирање на учебната година, кое ќе биде на штета и на учениците и на нивните родители, изјави Шкријељ
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја денеска делови од Бутел и Аеродром

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.20 до 12.30 часот, дел од корисниците од ул. 1 во населба Радишани. (општина Бутел)
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Горно Лисиче лоцирани на потегот од Маг Комерц, А-М Стил, Феромонт Инжинеринг кон село Долно Лисиче. (општина Аеродром)
Македонија
Дел од Аеродром денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на 3-та Македонска Бригада бб, прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на Вива, Метро, Центро, Спорт М и Форд, општина Аеродром.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно со повремен локален дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од северен правец (локално над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 7 до 13 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
До среда ќе се задржи претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд и студени утра. Ќе дува умерен до засилен, а долж Повардарието повремено силен ветер од северозападен правец. Потоа следи период на стабилно и суво со постепен пораст на дневната температура.