Македонија
(Видео) Шкријељ: Финансиска поддршка за пензионерите со пензии до 14.000 денари
„Како одговор на последиците од кризата, Владата предводена од СДСМ презема низа чекори за помош и поддршка на граѓаните. Во тек е исплатата на паричната помош во согласност со Законот за финансиската поддршка за ранливите категории граѓани за справување со енергетската криза“, рече денеска на прес-конференција пратеничката Санела Шкријељ.
Шкријељ напомена дека „почнувајќи од декември, во наредните четири месеци парична помош ќе добиваат корисниците на правото на социјална сигурност на стари лица, корисниците на посебен додаток, корисниците на правото на надоместок поради попреченост, самохраните родители, кои се евидентирани корисници на гарантирана минимална помош. Финансиска поддршка е предвидена и за пензионерите што добиваат пензии во висина до 14.000 денари. Покрај финансиската поддршка, во март следува ново усогласување на пензиите за 330.000 пензионери“.
„Во согласност со новата методологија за усогласување на пензиите како збир од растот на трошоците на живот и растот на платите, процените се дека во март пензиите ќе пораснат помеѓу шест и седум отсто. Тоа ќе значи покачување над 1.000 денари на просечната пензија, која сега изнесува 17.422 денара. Преку одговорните и ефикасни политики успеваме за само една година, од март 2022 до март 2023 година, да ги зголемиме пензиите речиси 16 отсто, што никогаш досега се нема случено“, рече пратеничката од СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.
Македонија
Жичницата на Водно не работи поради силен ветер
Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје преку својата фејсбук страница информира дека жичницата на Водно денеска нема да биде во функција поради засилен ветер.
Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно., велат од ЈСП.
„Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците“, велат од претпријатието.

