Македонија
(Видео) Шутаров: Арсовска не ја реконструира Универзална сала, иако има и проект и пари за реализација
Градоначалничката Арсовска не ја реконструира Универзална сала, иако има и проект и пари за реализација, изјави Гордан Шутаров, советник во Советот на Град Скопје потсетувајќи дека поминале седум месеци од мандатот на Данела Арсовска, а реконструкцијата на Универзална сала стои во место.
Според него, Арсовска своето неработење и неспособност се обидела да ја прикрие преку манипулации дека проектот не бил безбеден иако за тоа беше демантирана од страна на стручната јавност.
„Потсетуваме, средствата за реализација на овој проект се обезбедени од страна на Владата предводена од СДСМ. Универзална сала е еден од бројните проекти кои Арсовска или ги откажа или престана да ги реализира, како што е проектот Бас рапид транзит, како што се мостовите на улицата „Љубљанска“ и булеварот „АСНОМ“. Но Арсовска во овие седум месеци не реализираше ниту еден свој проект. Нема нови паркови, нема нови автобуси, нема бесплатен превоз. Толку од менаџерските способности на Арсовска, таа е најнеуспешниот градоначалник што Скопје некогаш го имал“, рече Шутаров.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09:00 до 13:00 часот, улица Бунарџик. (Општина Илинден)
– во периот од 09-00 до 15-00 часот, дел од корисниците на улиците: Мице Козар и Ѓуро Салај. (Општина Ѓорче Петров)
Македонија
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 3, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредниот период
Продолжува период на стабилно и релативно топло време. Во текот на ноќите и во утринските часови ќе има појава на магла на одредени места и зголемена облачност која во текот на денот ќе се намалува.
Македонија
Сообраќајот на граничниот премин Евзони (ГП Богородица) се одвива нормално
Сообраќајот на ГП Евзони (ГП Богородица) се одвива нормално, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

