Македонија
(Видео) Ѓорчев: Македонија победила многумина, ќе го победи и Заев
Македонија победила многумина, Македонија ќе го победи и Заев, доаѓа времето за неговата оставка и подобри денови за македонскиот народ, рече на вечерашниот протест во Велес членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев.
Тој рече дека во Велес, како цела Македонија, народот се кренал да ги одбрани идеалите на револуционерите што го кренаа Илинден, на македонските партизани, кои извојуваа победа и донесоа слобода за Македонија во Втората светска војна.
„Тука, во Велес, на овој плоштад е таа симболика што ја гледаме и чувствуваме, тука се гемиџиите и онаа генерација Илинденци, но тука со нас, со својот паметник, е велешанецот Коста Солев Рацин. Тука сме и ние синовите и внуците и внуките на Македонија и затоа не се откажуваме. Знаеме дека е темница и нè тиштат овие работи, но не заборавајте дека идејата што почна во 1893 година почна од 6 луѓе“, рече Ѓорчев.
Тој додаде дека епопејата на НОБ почна на 11 октовмри 1941 од еден одред во Прилеп и еден во Куманово, а денес околностите се поинакви бидејќи, како што рече, политички се бориме, но сепак не се откажуваме и затоа секој ден ќе се бориме достоинствено против политиките на Зоран Заев.
„Оваа декемвриска темница со нашето достоинство, со нашата љубов кон Македонија, ги навестуваме македонската пролет и македонската зора, која ќе изгрее. Македонија победила многумина, Македонија ќе го победи и Зоран Заев. Ќе дојде времето за неговата оставка, ќе дојде време кога повторно на овој плоштад со вашите знамиња и нашите прекрасни македонски песни ќе прославиме. Ќе изгрее сонцето на слободата, доаѓа зората и подобро време“, изјави Ѓорчев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Неколку скопски општини денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека за денеска се планирани неколку прекини во снабдувањето со електрична енегија на корисниците од градот Скопје и неговата околина:
· од 06:00 – 10:00 часот, корисниците од ул. Пајак и ул. Наум Наумовски Борче. (Општина Центар)
· од 08:00 – 12:00 часот, дел од корисниците од ул.Пејо Јаворов (општина Кисела Вода)
· од 09:00-11:00 часот корисниците од улиците со бр. 406 и бр, 408 во с. Марино. (Општина Илинден)
· од 09:00-15:00 часот корисниците од улица со бр. 101 во нас. Волково. (Општина Ѓорче Петров)
· од 09:00-15:00 часот корисниците од улиците Индира Ганди, Брсјачка Буна, Овчеполска, Пелагонија, Демирхисарска, Сландол, Хаџи Јован Шишков,Злетовска, Тиквешка и ул.Нов Живот. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Претежно облачно, попладне и кон крајот на денот повремен дожд
Променливо облачно, попладне и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини врнежи од дожд и снег. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени.
Во Скопје, претежно облачно, попладне и кон крајот на денот ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни. На повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер што ќе услови до недела релативно високи температури. Од недела попладне ќе започне да дува северен ветер и температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
Магла на неколку патни правци, слаб снег на Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Слаби врнежи од снег на Попова Шапка без задржување на коловоз. Намалена видливост поради појава на магла има на планинските премини Плетвар до 100 метри, Стража до 80 метри и кај Крушево до 30 метри, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

