Македонија
(Видео) Ѓорѓиевски: Македонија со Заев и Спасовски ќе биде фавела во која ќе владеат криминалот и рекетот
Влада во која Оливер Спасовски е министер за внатрешни работи може да ни гарантира нови скандали и владеење на криминалот во Република Македонија, истакна на прес-конференција Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
Според него, Оливер Спасовски ќе остане запаметен како министер, кој, наместо да се бори, за целиот свој мандат го штител криминалот во земјата.
„Нерасчистени убиства, мафијашки пресметки на улиците, секојдневни грабежи и пораст на криминалот, како и несигурност кај нашите сограѓани. Македонија стана најкорумпирана држава, во која градоначалници од власта се претворија во локални шерифи, кои под закрила на институциите шверцуваа цигари или тепаа граѓани во своите кабинети. Дополнително, Спасовски беше закрилник на лица што рекетираа и ги носеа фамозните милиони евра во куфери ‘луј витон’, кои никој не откри каде официјално завршија“, нагласи Ѓорѓиевски.
„Го именува сопствениот братучед за началник на граничната полиција, а исто така во случајот со набавка на автомобили без тендер од кумановската фирма, донатор на СДСМ, со пари од чешка донација. Тука исто така беше проследена и скандалозната набавка на пасоши вредна 20 милиони евра, како и скандалот со прислушувањето во Јавното обвинителство, кој никогаш не беше расчистен“, рече претставникот на ВМРО-ДПМНЕ за Спасовски додавајќи дека е очигледно оти на Заев му треба докажан помошник, кој ќе забошотува криминали.
.
„Македонија со Заев и Спасовски ќе биде повторно фавела во која ќе владеат криминалот и безредието“, заклучи Ѓорѓиевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

