Македонија
(Видео) Ѓорѓиевски: Сето она што 30 години ги мачеше нашите сограѓани, го решаваме за помалку од 6 месеци
Денеска се наоѓаме во Пржино каде што започнуваме со инвестиции во делот на патната инфраструктура, нешто што на граѓаните овде им недостасуваше повеќе од 30 години наназад имено се работи за реконструкција на буквално сите улици во Пржино и на најголем дел на улиците во Црниче проект кој што општината ќе ја чини односно во истиот ќе инвестираме над 13 милиони денари, истиот ќе опфати улици во должина над 6 километри или над 12 илјади метри квадратни патна инфраструктура која што ќе ги подобри условите за живот овде на нашите сограѓани, изјави Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на општина Кисела Вода.
Тој додаде декаа изминатиов период интензивно како општина во изминативе не цели 6 месеци работиме на подобрување на условите на нашите сограѓани од сите буквално сегменти на живеењето, во финална фаза сме со реконструкција на улицата Наум Охридски, темелна реконструкција во која што имавме исправка на проектот со продолжување на атмосферската канализација, односно замена на истата од Ф 200 во Ф 500 со што исто така еден долгогодишен проблем во однос на атмосферските води се решава и долгорочно го решаваме изминатиов период направивме целосна реконструкција на улицата Рилски Конгрес доле во Црниче, 680 метри улица инвестираме паралелно и во подземната инфраструктура. Така што како општина сето она што 30 години беше мака и ги мачеше нашите сограѓани, го решаваме за помалку од 6 месеци изминатиов период.
Ѓорѓиевски истакна дека со исто засилено темпо ќе продолжиме и во наредниот период, што значи она што ние сме се обврзале пред нашите сограѓани пред 6 месеци во изборната кампања да биде дел од нашата програма и да го ветиме пред истите, еве во пракса покажуваме дека истото и достоинствено како што заслужуваат нашите сограѓани го реализираме, односно ги подобруваме етапно нивните услови за живот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Правосудството со 2 отсто доверба бара двојно повисоки плати
Во соопштение до јавноста, владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ оцени дека наместо да работи на ефикасност и подобрување на довербата кај граѓаните, која изнесува само 2 отсто, правосудниот систем дополнително ја нарушува својата слика со барање за двојно зголемување на платите.
„Не треба да заборавиме дека македонските правосудни органи се едни од најплатените во регионот и Европа, со 2,3 до 3,2 просечни плати, односно нешто над 100.000 денари па се до над 144.000 денари или од 1700 евра до 2360 евра. Претседател на суд, пак, во Македонија зема околу 180.000 денари или 3000 евра, а за ефикасност и да не зборуваме, далеку под сите европски просеци“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Како аргумент, ВМРО-ДПМНЕ наведува примери од други држави: Србија: судиите земаат околу 120.000 денари, доверба 20%, Хрватска: платите се околу 3350 евра, доверба 20%, Словенија: платите се од 1738 до над 4000 евра, доверба 41%, Германија: судиите земаат околу 3300 евра, доверба 58%.
Според соопштението, доколку бидат прифатени сегашните барања, судија би земал околу 160.000 денари, а претседател на суд 360.000 денари – што е еквивалент на осум просечни плати и повисоко од примањата на нивните колеги во Европа со многу поголема ефикасност и доверба.
Во заклучокот, ВМРО-ДПМНЕ повикува на разумност и наведува дека е време правосудните органи да се фокусираат на работа и резултати што ќе ги почувствуваат граѓаните.
Македонија
Променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд
Времето денес ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд.
Наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 l/m² за 24 часа) со услови за појава на невреме со грмежи и силен ветер. Преку денот ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19 степени, јавува УХМР.
Во Скопје, променливо облачно, со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер. Максималната температура ќе достигне до 18 степени.
Македонија
Дел од улицата Партение Зографски денес без струја
ЕВН Македонија извести дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од ул.Партение Зографски од раскрсницата со ул.Рилски Конгрес до Бул. Тодор Александров ( општина Центар )

