Македонија
(Видео) Јаневска: Владата не мисли да се справи со корона-кризата бидејќи не знае како

Сега кога изборите поминаа коронавирусот беснее, луѓе страдаат, докторите и сестрите гинат на работа, а мерки нема, Комисијата за инфективни болести ја нема, нема промени во борбата против епидемијата, обвини на денешната прес-конференција, Весна Јаневска од ВМРО-ДПМНЕ.
„Изборите произведоа нови кластери. Партиски функционери кои се декларираа за страсни чувари и пазачи на мерките, во моментов, а и во минатиот период не ги почитуваа истите. Наместо дел од решението, станаа дел од проблемот“, рече таа предупредувајќи дека бројот на заразени од вирусот во земјава се движи кон 10 илјади, а бројката на починати кон 500.
Според Јаневска, оваа криза само ја потврдува неспособноста на Владата на СДСМ да менаџира со текот на епидемијата и здравствениот систем.
„Здравствениот систем се движи кон работ на пропаста. Наместо решенија и здравствени политики остана на популизам и политикантство, што не е дозволиво и во некои други, а не во овие тешки времиња. Македонија стана црна точка во регионот и пошироко. Не знаат дали ова е пик на првиот бран или е вториот бран, не ги знаат кластерите, не ги знаат изворите, не знаат што да превземат и како да настапат“, посочи таа и им порача на надлежните да послушаат нешто од предлозите на експертите, со цел да се спасат човечки животи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Викендов дожд со температури под просекот за овој период од годината

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 16 до 24 степени, информира УХРМ.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 24 степени.
Во четврток кон крајот на денот, во текот на ноќта и во петок под влијание на влажен бран ќе има врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни. Во деновите од викендот ќе се задржи променливо облачно време со повремен локален дожд. Температурите ќе бидат под просекот за овој период од годината.
Македонија
Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола ќе добие Факултет за медицина

Владата ја разгледа и усвои информацијата за потреба за основање на Факултет за медицински науки и здравство при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола.
„Формирањето на Факултетот за медицински науки и здравство како единица во состав на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола претставува стратешка неопходност за унапредување на здравственото образование особено во Пелагонискиот и Југозападниот регион на Република Северна Македонија“, велат од Владата.
Новоформираниот факултет ќе има задача да биде правен наследник на Високата медицинска школа, каде освен тригодишни студии ќе може да се акредитираат четиригодишни студиски програми по медицински сестри и акушерки.
Од Владата велат дека имајќи го предвид фактот дека е потребно време да се испочитуваат мислењата од сите надлежни институции, како на пример да се разгледа проектот за основање на Факултетот за медицински науки и здравство како единица во состав на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола од страна на Одборот за акредитација на високото образование, да се донесе закон за основање, и да се испочитува членот 149 од Законот, каде е наведено дека запишувањето на студии се врши врз основа на јавен конкурс кој го објавува универзитетот, односно самостојната висока стручна школа кој ги реализира студиите најмалку пет месеци пред започнувањето на наставата, Министерството за образование и наука предложи Факултетот за медицински науки и здравство да отпочне со работа од студиската 2026/2027 година, а во меѓувреме да се завршат сите постапки согласно Законот за високо образование.
Македонија
Ќе се градат и реконструираат 30 спортски сали во училиштата, најави Владата

Владата најави дека ќе се градат и реконструираат 30 спортски сали во основните и средни училишта.
Владата ја разгледа и усвои информација за обезбедување на буџетско учество за реализација на заемот за изградба и опремување на 30 училишни спортски сали во основните училишта и реконструкција на училишта.
Во рамките на Министерството за образование и наука се реализира проектот – Изградба и опремување на 145 училишни спортски сали и рехабилитација на основни и средни училишта. Истиот има за цел да обезбеди подобри услови за реализација на наставата, како и да го унапреди училишниот спорт, здравјето и здравите навики на учениците.
„Изградбата на училишни спортски сали е дел од програмата на Владата и е уште еден од проектите кои започнуваат постапка за нивна реализација. За таа цел, Владата ја разгледа и усвои информацијата за обезбедување на буџетско учество за реализација на заемот за изградба и опремување на 30 училишни спортски сали во основните училишта и реконструкција на училишта и даде согласност за преземање обврски за чие плаќање е потребно користење на буџетски средства во 2026, 2027, 2028 и 2029 година за заемот за изградба и опремување на 30 училишни спортски сали во основните училишта и реконструкција на училишта“, се наведува во соопштението.