Македонија
(Видео) Јанушев: Владата набавила 2 тони сортно вино, бурбон-виски, шампањ и вотка

Лекарите немаат заштитна опрема, а владата купува луксузни пијалаци, сортни вина, бурбон-виски, вели генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.
Тој на прес-конференција истакна дека покрај набавките за морски плодови и риби, документите покажуваат дека Владата дава пари и за набавка на скапи пијалаци – 2 тони сортно вино, 45 литри бурбон-виски, 90 литри шкотско виски, 30 литри шампањ, вотка.
„Октопод пијаната влада на Заев и СДСМ додека народот страда за леб, купува, повторувам, 2 тони сортно вино, 45 литри бурбон-виски, 90 литри шкотско виски, 30 литри шампањ, вотка. Ова не е е само голем скандал, ова е забеганост, ова е лудост, ова се прави додека луѓе умираат и додека има вонредна состојба. Ова е надвор од памет“, вели Јанушев.
Од опозицијата нагласуваат дека во буџетот има дупка од 1.3 милијарди евра, ама нема дупка кога треба да се набават луксузна храна и алкохол. Тој побара итно да се поништи набавката, а овие пари, исто како и парите од набавката за морска храна да се пренаменат за купување заштитна опрема за лекарите и дезинфициенси за болниците.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сиљановска-Давкова го прими Ристо Дурловски, претседател на организацијата „Обединети Македонци во Канада“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими Ристо Дурловски, претседател на организацијата „Обединети Македонци во Канада“.
На средбата, таа уште еднаш ја потврди својата определба за формирање на Совет за дијаспора, како политички исчекор во соработката меѓу државата и дијаспората. Во Советот, претседателката гледа институционален одговор на потребата од засилена и продлабочена комуникација со нашите иселеници во сите области.
Дурловски истакна дека примарна цел на Организацијата останува да биде промоцијата и заштитата на правата на Македонците во Канада, како и нивната интеграција во канадското демократско општество. За него, македонските корени се силна мотивација за поддршка на македонските национални интереси.
Соговорниците се согласија дека бројната македонска дијаспора може да биде фактор на зајакнување на канадско-македонските политички, економски, културни и други односи.
Македонија
Од утре авионско и терестрично прскање против комарци во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека утре ќе започне авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, а на 16 септември терестрична дезинсекција против возрасни форми на комарци и ларви од комарци, односно:
1. Авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе се одвива на 12.09.2025 (петок) и на 13.09.2025 (сабота), во раните утрински часови.
2. Терестричната дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци и ларви од комарци ќе се одвива од 16.09.2025 (вторник) до 19.06.2025 (петок), во период од 22.00 до 03.00 часот, наредниот ден
Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, додаваат од Градот Скопје.
Исто така се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.
Македонија
Зголемена фреквенција на возила на Табановце за излез од државата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На ГП Табановце за излез од државата се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање е околу 30 минути.
На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, додаваат од АМСМ.