Македонија
(Видео) Јаревски: ДКСК да отвори случај како Рамчиловиќ си ги вработи сопругата и синот во МВР
„ДКСК да отвори случај по допрен глас, како Зекир Рамчиловиќ од СДСМ си ги вработи сопругата и синот во МВР. Откако стана пратеник од СДСМ, Зекир Рамчиловиќ првин си ја вработи сопругата на висока позиција во МВР, а сега и синот го вработи како полицаец“, рече меѓу другото на денешната прес-конференција пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Тони Јаревски.
Јаревски рече дека „во рок од нецели три години, двајца членови на семејството Рамчиловиќ се вработени во МВР, и сето тоа откако истиот е пратеник од СДСМ“.
„Вработувањата на сопругата и синот на Рамчиловиќ се поклопуваат и со периодите во кои тој гласаше за сите национални предавства. Па се поставува прашањето, дали гласот на Рамчиловиќ за промена на името и за бугаризацијата за која гласаше неодамна се причината за кариерите на неговата сопруга и син?“ вели тој.
Пратеникот ја повика ДКСК „по допрен глас да отвори случај за двете вработувања на сопругата и синот на Рамчиловиќ во МВР, за кои постои основано сомнение дека се резултат на сериозно вмешување на политиката во институцијата, односно преку притисок на СДСМ и лично Оливер Спасовски“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

