Македонија
(Видео) Јаулески: Ослободување од партиципација за сите редовни студенти за оваа академска година
ВМРО-ДПМНЕ ги става студентите на прво место бидејќи поради последиците од коронавирусот врз економијата и буџетот на граѓаните, погодени се и студентите и нивниот стандард на живот, рече на прес-конференција Јован Јаулески, претседател на Унијата на млади сили на оваа партија.
Тој порача дека идната влада на ВМРО-ДПМНЕ уште во првите 100 дена би предвидела ослободување од плаќање партиципација за сите редовно запишани студенти на државните универзитети за академската 2020/2021 година.
Во насока на пребродување на последиците кои ги нанесе коронавирусот, Јаулески кажа дека идната влада во првите 100 дена ќе се насочи и кон отворање нови работни места и помагање на оние кои го загубиле своето работно место.
„Се обврзуваме уште во првите 100 дена од формирањето на владата да спроведеме целосно ослободување од придонеси и персонален данок на доход за секое ново вработено лице до 29 години во периодот од септември на 2020 година до крајот на 2021 година. Дополнително секое лице до 29 години кое ја изгубило работата во периодот по март годинава, а заклучно до крајот на годината, а има стаж на осигурување од најмалку еден месец, па сè до пет години, ќе добива неповратна финансиска помош во период од три месеци“, нагласи претседателот на Унијата на млади сили и додаде дека ова е само мал сегмент од мерките кои ВМРО-ДПМНЕ ќе ги имплементира по доаѓањето на власт.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
Променливо облачно и студено со сончеви периоди, повремено ќе дува засилен северен ветер
Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до -5, а максималната ќе достигне од -4 до 3 степени.
Во Скопје, променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, претпладне во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне до 2 степена.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно и суво време со студени утра и утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни. Во вторник наместа дневните температури ќе се задржат негативни, а од среда ќе бидат во постепен пораст. Од средината на седмицата по котлините ќе има услови за појава на магла.
Македонија
(Видео) ДИК со првични неофицијални резултати од повторените локални избори во четири општини
Државната изборна комисија (ДИК) вечерва ги објави првичните, неофицијални резултати од повторените избори во општините Врапчиште, Гостивар, Маврово Ростуше и Центар Жупа.
Врапчиште (излезност 32,37%)
– Исен Шабани (НАИ) – 5.355 гласа
– Зулхајрат Демири (Група избирачи) – 3.028 гласа
Гостивар (излезност 30,34%)
– Ваљбон Лимани (НАИ) – 14.519 гласа
– Невзат Бејта (ВЛЕН) – 7.174 гласа
Маврово Ростуше (излезност 28,51%)
– Онер Јакуповски (ВМРО-ДПМНЕ) – 1.906 гласа
– Анес Ахмети (СДСМ) – 938 гласа
Центар Жупа (излезност 13,26%)
– Аријан Ибраим (Демократска партија на Турците во Македонија) – 973 гласа
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, рече во текот на утрешниот ден Комисијата ќе ги соопшти првичните официјални резултати, по приемот и обработката на записниците од сите избирачки места.

