Македонија
(Видео) Љутков: Со пари на граѓаните СДСМ задоволува политички барања во културата
Годишната програма за култура за 2020 година е повеќе од скандалозна. Критериумите по кои се делат парите на граѓаните се политички, а политиката и културата не одат заедно. Затоа, три години не постои ниту „к“ од културата, која во континуитет тоне, обвини Зоран Љутков.
„Кај уметниците и културните работници се јавува сомнеж како се одлучувало кој проект да добие, а кој да не добие средства и поддршка. Така, на пример, имаме случај во кој на меѓународниот фестивал „Пеце Атанасовски“ во Долнени, кој е 46-то издание по ред годинава, му се доделуваат помалку пари од 29-тото издание на фестивалот на преработени и стилизирани албански песни „Кенге јехо“, исто како и на КУД ‘Лулет е Малсис’ – ‘Јануарски пламен 2020’. За ‘Гоце фест’ се одвоени само 100.000 денари, а годинава е 35-годишен јубилеј. И само за споредба, ако за ‘Гоце фест’ се одвојуваат ситни суми, милиони се доделуваат на проекти, како „Контрапункт“, во износ од 1 милион денари, Факултет за работи што не се учат од 1 милион и 250 илјади, „Јадро“ во износ од 1 милион и 100 илјади, „Локомотива“ во износ од 1 милион, Центар за современи уметности Скопје во износ од 650 илјади и слично. Овде нема ниту логика ниту јасна поддршка на културата во Македонија“, рече тој.
За жал, додаде Љутков, оваа година како и изминатите тригодишни програми сме сведоци на скандалозни одлуки, со кои, како што рече, наместо унапредување на културата и јакнење на институциите, гледаме поткусурувања со партиска и политичка заднина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Кисела Вода, Сопиште и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00-13:00 часот дел од улицата Архитект Сотир Томовски, општина Кисела Вода;
· од 09:00-11:00 часот корисниците од село Гврлево, општина Сопиште;
· од 09:00-15:00 часот корисниците на ул. 101 во населба Волково, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Без вода денеска дел од Бутел
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-225мм на Радишанска Лево бб (Бел Камен), општина Бутел, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно, во утринските часови повремен локален дожд, а во текот на денот кратки сончеви периоди
Времето денеска ќе биде променливо облачно, во утринските часови со повремен локален дожд, а во текот на денот со кратки сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта повторно ќе има локални врнежи од дожд, а на повисоките планини од дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено во утринските часови и кон крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во почетокот на новата седмица врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег и на некои од повисоките места.

