Македонија
(Видео) Ќе разговараме со Ципрас кога ќе се решат одредени технички работи, порача Заев
Премиерот Зоран Заев истакна дека кога ќе се решат некои технички работи во преговарачкиот процес, тој ќе разговара со грчкиот премиер Алексис Ципрас.
„Имаме некои технички работи кои треба да се решат. Јас од самиот почеток сум позитивен и оптимист, верувам дека ќе го најдеме решението. Штом се отстранат техничките работи, ќе се случи телефонскиот разговор и во најбрз можен рок ќе објавиме тоа што е договорено“ рече Заев.
Тој нагласи дека следните денови се максимално фокусирани и посветени на процесот, кој, како што рече, опфаќа договарања, членови од договорите, детаљи, кои е многу важно да бидат прецизно договорени.
Во Мала Преспа, наглси Заев, би требало да се случи потпишувањето на договорот, што било желба уште од форумот во Давос. Она што го договориле министрита за надворешни работи на Македонија и Грција, сега рече Заев, треба да биде преточено во правен документ.
Тој не даде детаљи за тоа каде запнале преговорите и кои имиња се во игра, за решавање на спорот со името.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.
Македонија
Жичницата на Водно не работи поради силен ветер
Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје преку својата фејсбук страница информира дека жичницата на Водно денеска нема да биде во функција поради засилен ветер.
Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно., велат од ЈСП.
„Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците“, велат од претпријатието.

