Македонија
Викендов посебен сообраќаен режим во Скопје поради велигденските настани
Во текот на викендов, а по повод празникот Велигден, сообраќајната полиција при СВР Скопје ќе воведе посебен режим на сообраќај за одредени сообраќајници како во централното градско подрачје на Град Скопје, така и во општините Ѓорче Петров и Аеродром.
Утре во периодот од 18 часот па се до завршувањето на настаните во врска со празникот, во центарот на Скопје за сообраќај ќе бидат затворени: булеварот “Партизански Одреди” – од крстосницата со ул.„Аминта Трети” до крстосницата со булеварот “ВМРО”, и булеварот “Свети Климент Охридски” – од крстосницата со бул.“Илинден” до крстосницата со ул.“Димитрие Чуповски”. Покрај ова, на возилата од јавниот градски сообраќај кои што поминуваат преку мостот “Гоце Делчев” им се менува трасата на движење при што истите ќе се движат по бул.“Илинден” и преку ул. “Франклин Рузвелт” ќе се вклучуваат на бул. “Партизански Одреди”, додека автобусите кои што поминуваат преку центарот на градот ќе се движат по ул. “М.Т.Гологанов” па преку ул.„Франклин Рузвелт” ќе се вклучуваат на бул.„Партизански Одреди”. И во спротивна насока автобусите ќе ги користат истите сообраќајници.
Во општината Ѓорче Петров по потреба ќе бидат затворени за сообраќај сообраќајницата од црквата “Свети Петар и Павле“ десно по бул. “Партизански Одреди“, десно по ул. „Ѓорче Петров“, лево по ул. „Васил Чакаларов“, како и сообраќајот од црквата „Свети Пантелејмон“ по ул.„Демир Трајко“ и лево по ул.„Васил Чакаларов“ до Железничкиот мост на реката Вардар. Во општина Аеродром, пак, по потреба за сообраќај ќе биде затворен локалниот пат кон селото Лисиче.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, како и наредбите што ги издаваат полициските службеници.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, ќе дува повремено засилен северен ветер
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

