Македонија
Вкупно 16 починати и 375 нови случаи на Ковид-19
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 2.744 тестирања, а регистрирани се 375 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје – 180, Прилеп – 30, Битола – 28, Кавадарци – 26, Куманово – 13, Велес – 12, Радовиш – 11, Делчево – 9, Кочани и Валандово по 8, Крива Паланка и Ресен по 7, Охрид – 5, Тетово и Македонски Брод по 4, Гостивар, Штип, Кичево, Демир Хисар и Македонска Каменица по 3, Струмица и Гевгелија по 2 и по еден зарезен во Струга, Неготино, Крушево и Пехчево.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 9 починати лица – тројца починати од Скопје (87, 78 и 62 години) и по едно починато лице од Кавадарци (60), Струга (83), Струмица (72), Кочани (59), Штип (73) и Свети Николе (86). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистарот на починати со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“, пријавени се 7 починати лица во периодот од 22 ноември до 4 декември. Меѓу починатите двајца се од Велес и по еден од Скопје, Гостивар, Охрид, Струмица и Кичево. Тие биле на возраст од 44 до 82 години, при што две лица починале во домашни, а останатите петмина во болнички услови.
Во изминатото деноноќие регистрирани сe и 507 оздравени пациенти од: Скопје – 246, Битола – 43, Прилеп – 25, Куманово – 22, Охрид – 18, Кавадарци – 17, Велес – 15, Тетово – 14, Делчево – 13, Кочани и Струмица по 10, Крива Паланка – 9, Штип и Свети Николе по 7, Радовиш и Гевгелија по 6, Ресен – 5, Валандово, Струга, Неготино и Берово по 4, Виница и Кратово по 3, Демир Хисар, Македонска Каменица и Пробиштип по 2 и по еден оздравен од Македонски Брод, Гостивар, Кичево, Дебар, Богданци и Демир Капија.
Направените 2.744 тестови се преку: ИЈЗ-298, ЦЈЗ Скопје-65, ЦЈЗ Битола-97, ЦЈЗ Прилеп-35, ЦЈЗ Тетово–7, ЦЈЗ Куманово-70, лабораторија болница Козле-16, Институт за микробиологија–5, Жан Митрев (Филип Втори)-96, Авицена-114, Биотек-205, Систина-58, лабораторија Лаор-85, Синлаб-26, Ремедика-23, Плодност–32, Генеа-9, Никоб лаб-275, ВФВ Медикал-37, Ели Медика-42, Ројал Медика–41, Спектра-ММ-7, Рапид Лаб–3, Жан Митрев Струмица–9, Нова Лаб Дијагностика–7, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.082.
Досега во земјата се направени вкупно 1.488.688 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 217.775, бројот на оздравени пациенти е 204.474, на починати е 7.674, а бројот на активни случаи изнесува 5.627.
Според епидемиолошките анализи во моментот, дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 95291, Активни 2698
Куманово 12954, Активни 192
Тетово 11348, Активни 93
Прилеп 10348, Активни 326
Битола 8851, Активни 506
Гостивар 8072, Активни 20
Велес 7354, Активни 171
Кавадарци 7076, Активни 236
Штип 6617, Активни 111
Охрид 6527, Активни 186
Струмица 6138, Активни 108
Кичево 4231, Активни 37
Кочани 4028, Активни 109
Струга 3910, Активни 33
Гевгелија 2813, Активни 79
Неготино 2575, Активни 42
Свети Николе 2126, Активни 40
Крива Паланка 1913, Активни 74
Ресен 1763, Активни 57
Радовиш 1752, Активни 58
Берово 1460, Активни 67
Дебар 1456, Активни 1
Делчево 1424, Активни 101
Виница 1161, Активни 18
Пробиштип 1126, Активни 24
Валандово 956, Активни 45
Кратово 776, Активни 31
Богданци 645, Активни 21
Демир Хисар 620, Активни 50
Крушево 594, Активни 33
Македонски Брод 503, Активни 14
Демир Капија 425, Активни 3
Македонска Каменица 421, Активни 28
Пехчево 353, Активни 10
Дојран 168, Активни 5
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Фото) По ерата на Југославија, селото Драчево е првото село во Македонија што добива сопствено модерно кино
Општина Кисела Вода вчера вечер официјално го отвори новото кино во Домот на културата во Драчево. Проектот, реализиран во партнерство со „Киноверзум“, претставува втора филмска сцена на територијата на оваа општина и вкупно петта во мрежата на оваа групација во Македонија.

Свеченото отворање се одржа пред преполна сала, во присуство на претставници на Владата, Собранието, како и голем број уметници и културни работници. Настанот го водеше актерот Рубенс Муратовски, а вечерта беше заокружена со проекција на меѓународно наградуваниот документарен филм „Приказната за Силјан“, кој беше македонски кандидат за „Оскар”.

– Ова е историски чекор, бидејќи по времето на Југославија, селото Драчево е првото село во Македонија кое добива свое модерно кино. Со овој чекор потврдуваме дека културата не смее да биде привилегија на центарот, туку право на секој граѓанин. Нашата визија е јасна- ја носиме уметноста таму каде што е домот на луѓето. Сакаме врвните филмски остварувања да бидат на само неколку чекори од вашиот праг-истакна градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.

Таа додаде дека ова е второ заедничко кино со „Киноверзум“ и е доказ дека со јасна заедничка визија се постигнуваат видливи и трајни резултати.

Посебно признание на настанот им беше оддадено на гостите, режисерката Тамара Котевска и продуцентот Јорданчо Петковски. Нивниот филм „Приказната за Силјан“, кој беше македонски кандидат во трката за „Оскар“, кој е откупен од „National Geographic“ и добитник на бројни награди на реномирани светски филмски фестивали, беше симболично избран за првата проекција на новото филмско платно во Драчево. За жителите на Драчево ова имаше и емотивна вредност, со оглед на тоа што продуцентот Петковски потекнува токму од ова место.

– Ова е седма година од постоењето на „Киноверзум” и горди сме што вечерва го отвораме нашето петто кино. По Штип, Велес, Свети Николе и првото кино во Кисела Вода, сега и Драчево добива филмска сцена со најсовремени технички услови. Опремено со ласерски кино-проектор и врвен систем за звук, на посетителите им ги нудиме најактуелните светски филмски хитови по најпристапни цени. Веќе од утре, на редовниот репертоар во Драчево се филмовите „Свадба” и „Оркански височини“, изјави Михаела Ѓорчева, основач на „Киноверзум“.

Овој проект е вистински пример за континуитет во спроведувањето на добрите идеи и плодна соработка, со оглед на тоа што иницијативата за негово отворање започна уште во мандатот на претходникот на Стаменкоска Трајкоска, сегашниот градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Со оваа реализација, Општина Кисела Вода ја потврдува својата посветеност на културната инфраструктура, правејќи ги Драчево и Кисела Вода нови културни епицентри достапни за сите жители.






Македонија
Врнежи од слаб снег на неколку патни правци, патот кон село Герман е блокиран од паднато дрво
Од синоќа е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране поточно во село Форино, поради излевање на реката Вардар. Сообраќајот се пренасочува од село Чајле кон село Старо Чајле према село Форино, извести АМСМ.
Патот кон село Герман е блокиран кај село Станча, од паднато дрво и не е прооден.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Врнежи од слаб снег има во Крива Паланка – г.п Деве Баир, г.п Делчево, Страцин, и на Пониква, но во моментов не претставуваат пречка за одвивање на сообракајот.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ.
Македонија
(Фото) Ѓорѓиевски: По две децении, Драчево повторно доби свое кино
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски преку социјалните мрежи извести дека по две децении, Драчево повторно доби свое кино.
„Особено ми е драго што иницијативата што ја започнавме пред завршувањето на мојот мандат како градоначалник на Кисела Вода, денес прерасна во реалност. Овој проект беше визија за враќање на културниот живот таму каде што му е местото, меѓу мојот народ. Од денес, таа визија живее“, вели градоначалникот.
„Киното ќе функционира во рамки на Домот на културата во Драчево, простор кој повторно ќе стане собиралиште на уметноста, емоцијата и заедничките доживувања.
Покрај Кисела Вода, сега и драчевчани ќе бидат дел од КИНОВЕРЗУМ и ќе имаат можност да уживаат во најновите филмски достигнувања и најголемите светски хитови, блиску до својот дом.
Филмското искуство повеќе нема да значи патување километри далеку, туку тука – дома. Културата повторно пулсира во Драчево“, додаде Ѓорѓиевски.

