Македонија
Вкупно 16 починати и 444 нови случаи на Ковид-19
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 2.938 тестирања, а регистрирани се 444 нови случаи на Ковид-19 од Скопје – 190, Битола – 43, Прилеп – 27, Кавадарци – 19, Кочани – 16, Велес и Струмица по 15, Охрид и Берово по 13, Ресен – 11, Куманово и Штип по 10, Тетово, Кичево, Гевгелија и Делчево по 6, Крива Паланка и Кратово по 5, Валандово – 4, Неготино, Свети Николе, Богданци, Демир Хисар и Македонска Каменица по 3, Радовиш и Пробиштип по 2 и по еден од Гостивар, Струга, Дебар, Виница и Пехчево.
Во текот на изминатите 24 часа пријавени се и 11 починати лица – 3 починати од Скопје (67, 75 и 79 години) и по едно починато лице од Битола (53), Велес (59), Кавадарци (81), Крушево (84), Прилеп (66), Пробиштип (73), Радовиш (72) и Штип (78). Од пријавените сите лица се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистарот на починати лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“, се пријавени 5 починати лица во периодот од 9 до 16 ноември. Починатите се од Скопје (2), Тетово, Струмица и Битола. Тие биле на возраст од 65 до 80 години, при што едно лице е починато во домашни, а останатите четири во болнички услови.
Во текот на изминатото деноноќие регистрирани сe и 467 оздравени пациенти од: Скопје – 193, Куманово – 34, Битола – 26, Тетово – 24, Штип – 23, Кавадарци – 21, Прилеп – 19, Кочани – 18, Велес – 13, Делчево, Крива Паланка и Неготино по 11, Гевгелија – 9, Струмица – 8, Свети Николе и Радовиш по 6, Берово и Пробиштип по 5, Ресен, Кичево и Кратово по 4, Демир Хисар и Виница по 3, Демир Капија – 2 и по еден оздравен од Охрид, Богданци, Крушево и Дојран.
Направените 2.938 тестови се преку: ИЈЗ-239, ЦЈЗ Скопје-58, ЦЈЗ Битола-67, ЦЈЗ Прилеп-28, ЦЈЗ Тетово–50, ЦЈЗ Куманово-49, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-4, лабораторија болница Козле-17, Институт за микробиологија–187, Жан Митрев (Филип Втори)-56, Авицена-96, Биотек-149, Систина-68, лабораторија Лаор-97, Синлаб-7, Ремедика-17, Плодност–41, Генеа-2, Никоб лаб-252, ВФВ Медикал-33, Ели Медика-42, Ројал Медика–15, Спектра-ММ-10, Рапид Лаб – 2, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.352.
Досега во земјата се направени вкупно 1.442.544 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 211.382, бројот на оздравени пациенти е 195.624, на починати е 7.406, а бројот на активни случаи изнесува 8.352.
Според епидемиолошките анализи во моментот, дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 92334, активни 3796
Куманово 12719, активни 297
Тетово 11257, активни 174
Прилеп 9967, активни 430
Битола 8279, активни 682
Гостивар 8055, активни 47
Велес 7178, активни 369
Кавадарци 6743, активни 321
Штип 6470, активни 216
Охрид 6328, активни 255
Струмица 6009, активни 128
Кичево 4201, активни 95
Струга 3878, активни 56
Кочани 3886, активни 230
Гевгелија 2720, активни 149
Неготино 2520, активни 87
Свети Николе 2080, активни 68
Крива Паланка 1832, активни 151
Радовиш 1687, активни 76
Ресен 1678, активни 90
Дебар 1454, активни 1
Берово 1355, активни 70
Делчево 1313, активни 120
Виница 1135, активни 46
Пробиштип 1099, активни 47
Валандово 892, активни 32
Кратово 739, активни 78
Богданци 626, активни 35
Демир Хисар 578, активни 89
Крушево 574, активни 25
Македонски Брод 484, активни 5
Демир Капија 419, активни 8
Македонска Каменица 393, активни 60
Пехчево 341, активни 15
Дојран 159, активни 4
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Следува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
(Видео) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека 40 километри од автопатот се ставени во функција.
„Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево. 40 километри се веќе во функција. Се надевам голем број македонски граѓани ќе возат по овој автопат на пат кон Балканскиот Ерусалим – Охрид за овој Божиќ. Честитки на сите вредни работници кои се посветија на неговата изградба! За многу години Божиќ и Бадник!“ порача вицепремиерот Николоски.
Македонија
(Фото) Мицкоски: Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни
„Во пресрет на Бадник, денеска поделивме пакети помош во Карпош, Гази Баба, Чаир, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел и Центар со желба секое семејство да ја почувствува топлината на празникот на својата трпеза“, извести премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи.
„Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни“, додаде Мицкоски.

