Македонија
Вкупно 22 починати и 848 нови случаи на Ковид-19
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 3.506 теста, а регистрирани се 848 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје – 451, Кавадарци – 50, Битола – 43, Велес – 39, Прилеп – 37, Куманово – 33, Кичево – 30, Тетово – 23, Радовиш – 18, Струга – 15, Гостивар и Неготино – по 13, Гевгелија – 11, Кочани и Ресен – по 10, Дебар – 9, Охрид, Крива Паланка и Валандово – по 6, Струмица – 5, Штип, Демир Хисар и Македонски Брод – по 3, Делчево, Берово и Демир Капија – по 2, Свети Николе, Богданци, Кратово, Македонцка Каменица и Пехчево – по 1.
Од вкупниот број позитивни (848), регистрирани се 116 реинфекции.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 11 починати лица: 4 од Скопје (72, 78, 79 и 80), 3 од Штип (77, 84 и 90) и по едно од Битола (69), Куманово (52), Кочани (70) и Струга (83). Сите се починати во болнички услови.
Во согласностб со регистарот на починати со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“, дополнително се пријавени 11 починати лица од: Скопје (3), Штип (2), Битола (1), Велес (1), Богданци (1), Демир Хисар (1), Крива Паланка (1) и Охрид (1) на возраст од 64 до 87 години. Лицата се пријавени за починати во периодот од 10 до 19 февруари. Од нив, 5 се починати во домашни, а 6 во болнички услови.
Од вкупниот број починати лица, кај 21 лице се регистрирани коморбидитети.
Во изминатото деноноќие регистрирани сe 1.369 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 920, Куманово – 49, Велес – 48, Битола – 43, Струмица – 41, Кавадарци – 36, Тетово – 35, Штип – 22, Прилеп и Кичево – по 21, Гостивар – 20, Дебар – 17, Неготино – 14, Струга – 13, Кочани и Свети Николе – по 10, Охрид – 9, Гевгелија – 8, Ресен – 6, Крива Паланка и Берово – по 5, Радовиш – 4, Пехчево – 3, Валандово, Делчево и Демир Капија – по 2, Македонски Брод , Кратово и Виница – по 1.
Направените 3.506 теста се преку: ИЈЗ – 417, ЦЈЗ Скопје – 92, ЦЈЗ Битола – 112, ЦЈЗ Прилеп – 37, ЦЈЗ Тетово – 6, ЦЈЗ Куманово – 86, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – 4, Судска медицина – 2, лабораторија во болницата во Козле – 18, УК Пулмологија со алергологија – 1, Институт за микробиологија – 2, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 117, „Авицена“ – 134, „Биотек“ – 161, „Систина“ – 110, лабораторија „Лаор“ – 99, „Синлаб“ – 49, „Ремедика“ – 19, „Плодност“ – 27, „Генеа“ – 14, „Никоб лаб“ – 272, „ВФВ медикал“ – 59, „Ели медика“ – 20, „Ројал медика“ – 19, „Спектра-ММ“ – 22, „Рапид лаб“ – 8, „Жан Митрев Струмица“ – 8, „Нова лаб дијагностика“ – 6, „Рамус“ – 36, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 1.549.
Досега во земјата се направени вкупно 1.874.917 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 294.407, бројот на оздравени пациенти е 279.695, на починати е 8.937 а бројот на активни случаи изнесува 5.775.
Според епидемиолошките анализи, во моментот дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 136.376, Активни 3.156
Куманово 16.060, Активни 256
Битола 14.100, Активни 301
Прилеп 13.468, Активни 204
Тетово 13.323, Активни 191
Кавадарци 10.053, Активни 223
Гостивар 9.341, Активни 92
Велес 9.333, Активни 247
Охрид 8.460, Активни 128
Штип 7.877, Активни 59
Струмица 7.874, Активни 128
Кичево 5.356, Активни 108
Кочани 4.919, Активни 54
Струга 4.634, Активни 66
Гевгелија 4.177, Активни 89
Неготино 3.599, Активни 94
Свети Николе 2.615, Активни 26
Ресен 2.564, Активни 61
Радовиш 2.491, Активни 64
Крива Паланка 2.356, Активни 31
Делчево 1.881, Активни 13
Берово 1.707, Активни 12
Дебар 1.609, Активни 39
Валандово 1.522, Активни 23
Виница 1.362, Активни 10
Пробиштип 1.282, Активни 5
Богданци 992, Активни 27
Кратово 927, Активни 18
Крушево 875, Активни 12
Демир Хисар 814, Активни 15
Македонски Брод 685, Активни 9
Демир Капија 544, Активни 7
Македонска Каменица 520, Активни 1
Пехчево 457, Активни 6
Дојран 254, Активни 0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

