Македонија
Вкупно 24 починати и 1.715 нови случаи на Ковид-19
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 4.811 тестови, а регистрирани се 1.715 нови случаи на Ковид-19 од: Скопје – 882, Битола – 87, Куманово – 75, Тетово – 69, Кавадарци – 66, Велес – 63, Охрид – 56, Прилеп и Струмица по 48, Гостивар – 36, Гевгелија – 33, Неготино – 29, Штип – 28, Кочани – 26, Кичево – 24, Радовиш – 20, Валандово – 17, Богданци – 16, Струга и Крива Паланка по 14, Ресен – 12, Виница – 9, Свети Николе и Делчево по 8, Демир Капија и Пехчево по 5, Кратово и Македонски Брод по 4, Пробиштип – 3, Дебар и Демир Хисар по 2 и по еден заразен од Македонска Каменица и Дојран.
Во текот на изминатото деноноќие регистрирани се 20 починати лица: 7 починати лица од Скопје (58, 70, 70, 74, 76, 82 и 87 години), 2 починати лица од Битола (77 и 81 година) и по едно починато лице од Велес (59), Гевгелија (81), Кавадарци (64), Куманово (66), Неготино (63), Охрид (57), Ресен (82), Свети Николе (73), Струга (68), Тетово (66) и Штип (66). Од пријавените лица 19 се починати во болнички услови, а едно лице е починато во домашни услови.
Согласно регистарот на починати со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“, пријавени се дополнително 4 починати лица, по едно од Струмица, Штип, Вландово и Битола, во периодот од 26 јануари до 1 февруари. Починатите се на возраст од 51 до 76 години и сите се починати во болнички услови.
Во последните 24 часа регистрирани биле и 2.057 оздравени пациенти од: Скопје – 1.276, Тетово – 192, Гостивар – 101, Куманово – 88, Кавадарци – 84, Велес – 63, Гевгелија – 44, Кочани – 25, Штип – 24, Неготино – 20, Битола – 19, Радовиш – 18, Крива Паланка – 13, Прилеп, Струмица, Свети Николе и Делчево по 12, Виница и Богданци по 6, Кратово – 5, Кичево, Македонска Каменица, Демир Капија и Пехчево по 4, Берово – 3, Пробиштип и Демир Хисар по 2 и по еден оздрвен од Струга и Дојран.
Направените 4.811 тестови се преку: ИЈЗ-469, ЦЈЗ Скопје-99, ЦЈЗ Битола-100, ЦЈЗ Прилеп-48, ЦЈЗ Тетово–12, ЦЈЗ Куманово-87, Судска медицина-4, лабораторија болница Козле-13, УК Пулмологија со алергологија –1, Институт за микробиологија–186, Жан Митрев (Филип Втори)-130, Авицена-193, Биотек-222, Систина-70, лабораторија Лаор-98, Синлаб-43, Ремедика-25, Плодност-41, Генеа-15, Никоб Лаб-429, ВФВ Медикал-78, Ели Медика-31, Ројал Медика–16, Спектра-ММ-46, Рапид Лаб–24, Жан Митрев Струмица–10, Нова Лаб Дијагностика–4, Рамус-27, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 2.290.
Досега во земјата се направени вкупно 1.803.508 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 274.144, бројот на оздравени пациенти е 251.688, на починати е 8.494, а бројот на активни случаи изнесува 13.962.
Според епидемиолошките анализи во моментот, дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 125211, Активни 7624
Куманово 15111, Активни 594
Битола 13107, Активни 1058
Прилеп 12903, Активни 514
Тетово 12611, Активни 408
Кавадарци 9227, Активни 490
Гостивар 8893, Активни 248
Велес 8628, Активни 292
Охрид 8052, Активни 307
Штип 7596, Активни 152
Струмица 7379, Активни 321
Кичево 5020, Активни 237
Кочани 4705, Активни 149
Струга 4434, Активни 147
Гевгелија 3853, Активни 190
Неготино 3273, Активни 198
Свети Николе 2471, Активни 74
Ресен 2415, Активни 182
Радовиш 2319, Активни 141
Крива Паланка 2252, Активни 89
Делчево 1813, Активни 88
Берово 1650, Активни 29
Дебар 1513, Активни 22
Валандово 1419, Активни 99
Виница 1308, Активни 37
Пробиштип 1263, Активни 21
Богданци 919, Активни 77
Кратово 894, Активни 28
Крушево 824, Активни 22
Демир Хисар 777, Активни 33
Македонски Брод 646, Активни 35
Македонска Каменица 509, Активни 20
Демир Капија 500, Активни 16
Пехчево 434, Активни 16
Дојран 215, Активни 4
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски на средби со сопственици на компании и со претседателот на Европскиот совет во Минхен
Премиерот, Христијан Мицкоски, на првиот ден од 62. Минхенска безбедносна конференција имаше средби со претставници на компании и со претседателот на Европскиот Совет.
„Денешниот прв ден овде го започнавме со средба којашто е многу значајна со високи претставници на компанијата ‘Шварц’, една од најголемите во светот и една од најголемите овде во Германија, со годишни приходи повеќе од 180 милијарди евра. Компанијата ‘Шварц’ вработува повеќе од 605.000 вработени и е присутна во повеќе од 30 земји во светот, помеѓу нив е и нашата Македонија“, изјави Мицкоски.
Имал состанок и со сопственикот на „4iG“ којшто е веќе присутен во Македонија како сопственик на лиценца за трет мобилен оператор.
„Она коешто е значајно, а треба да се истакне и да го знае македонската јавност и македонските граѓани е фактот дека покрај постоечкото инвестициско портфолио и двете компании и компанијата „Шварц“ и компанијата „4iG“ планираат дополнителни инвестиции во Македонија во сосема поинаква, во сосема поинакво портфолио, а тоа е вештачката интелигенција, дата центрите и енергетиката, односно производството на електрична енергија“, рече Мицкоски.
Премиерот бил дел и од свеченото отворање на 62. Минхенска безбедносна конференција каде што свое обраќање имаше германскиот канцелар Мерц, а денот го завршил со состанок со претседателот на Европскиот Совет, Антонио Кошта.
„На состанокот разговаравме за евроинтегративниот процес на Македонија и она коешто е важно за македонските граѓани, тој процес да не биде билатерализиран, да не биде понижувачки и да биде сочуван македонскиот идентитет и приоритетите на македонските граѓани“, рече Мицкоски.
Тој им честита на македонските граѓани за, како што рече, онаа убава вест којашто на почетокот на денот пристигна од САД од Вашингтон, а тоа е усогласената заедничка изјава помеѓу македонската Влада и Белата куќа, а се однесува на договорот за трговија којшто понатаму двете држави ќе го потпишат, договор којшто овозможува подобра економија и повеќе можности за македонските компании.
„На овој начин покажуваме како Влада дека покрај она стратешко партнерство со Велика Британија, Обединетото Кралство, после избришаниот пост мониторинг од страна на Советот на Европа, овој трговски договор којшто ќе биде во рамките на оваа заедничка изјава којашто ја усогласивме со Белата Куќа потпишан ја заокружуваме дипломатската офанзива во овие први дваесетина месеци од оваа нова Влада и тоа се историски договори со историски успех за македонските граѓани и Македонија како држава. Останете со нас следните два дена продолжуваме со многу убави вести и со успешни состаноци од овде од Минхен од 62 Минхенска безбедносна конференција“, рече Мицкоски.
Македонија
Поранешниот градоначалник на Чашка на 11 вработени незаконски им исплатил плати од над 700.000 денари
Полицијата поднесе кривична пријава против поранешен градоначалник на општина Чашка за „злоупотреба на службената положба и овластување“.
СВР Велес, до Основното јавно обвинителство Велес, поднесе кривична пријава против Г.С.(47) од Чашка поради постоење основи за сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Во периодот од јануари 2021 до декември 2024 година, Г.С. во својство на градоначалник на општина Чашка, постапил спротивно на Законот за државни службеници и на 10 лица вработени во општина Чашка, во повеќе наврати, од буџетската сметка на општината им исплаќал парични средства по основ на плата за кариера кај државен службеник, иако знаел дека тие не ги исполнуваат условите за државен службеник.
Додека, на едно лице, спротивно на Законот за работни односи, овозможил да му се исплати бонус плата, иако не биле исполнети условите.
На тој начин, пријавениот овозможил на 11-те вработени да се стекнат со имотна корист и предизвикал штета на буџетот на општина Чашка во вкупен износ од 725.562 денари.
Исто така, за место кое според актот за систематизација има предвидено една позиција, Г.С. на еден од вработените му издал решение за работното место иако таа позиција веќе била пополнета.
Македонија
Посебен режим на сообраќај утре во Скопје
На 14.02.2026 (сабота) поради верскиот празник Задушница, од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќај во Скопје.
Имено, со почеток од 06:00 часот сообраќајот кон градските гробишта Бутел ќе се одвива во една насока (кружно), односно, сите возила ќе се упатат по ул.„Бутелска“, лево по ул.„Александар Урдаревски“, лево по ул.„Боца Иванова“ и десно до влезот на гробиштата Бутел, а за излез десно по ул.„Боца Иванова“, до кружниот тек на ул.„Бутелска“, па лево по ул.„Бутелска“ и десно по ул.„Кемал Сејфула“.
Посебен режим на сообраќај ќе се воведе и во близина на гробиштата Камник, Драчево и Ѓорче Петров.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите кои ќе ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците опфатени со посебниот режим на сообраќај.

