Македонија
Владата бара од Судскиот совет да го прифати решението за надомест на штетата на судските службеници од 2016 година
Владата бара од Судскиот совет да го прифати решението за надомест на штетата на вработените во судската служба од 2016 година.
„Владата на Република Северна Македонија оствари повеќе работни средби со претседателите на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (Синдикатот на УПОЗ) и на Судскиот совет на Република Северна Македонија и нивни претставници заради изнаоѓање решение во врска со прашањето за враќање на задржаните средства на вработените во судската служба за време на штрајкот во периодот од 18.5.2016 до 15.7.2016 година. Во текот на остварените контакти Владата изрази разбирање за наведениот проблем и јасно ги искажа волјата и спремноста за негово решавање преземајќи ја обврската за обезбедување на паричните средства“, соопштија од владината прес-служба.
Сепак, велат оттаму, и покрај тоа што Владата ги обезбеди потребните парични средства, Судскиот буџетски совет достави известување до Владата дека за време на штрајкот на судската администрација во 2016 година претседателите на судовите извршиле исплата на плата во согласност со член 77 од Законот за судската служба, односно на учесниците во штрајкот им исплатиле плата во висина од 60 отсто од платата што ја примиле претходниот месец.
Со ова објаснување, велат од Владата, Судскиот совет нè извести дека не ја прифаќа предлог-спогодбата на Синдикатот на УПОЗ за исплата на задржаните парични средства од платите на штрајкувачите.
„Владата укажува на подготвеноста да им се излезе во пресрет на вработените на судската служба и ги повикува сите засегнати страни, особено Судскиот совет, да ја препознаат социјалната, демократската и економската вредност на решението, што е во корист на обезбедувања мотивирана и ефикасна служба во судовите“, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост на патниот правец Тетово – Скопје, врнежи од снег на Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, извести АМСМ.
Врнежи од снег со среден интензитет се бележат на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. На планинскиот превој Пресека се бележат слаби врнежи од дожд и снег – (лапавица).
Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на патниот правец Тетово – Скопје.
Сите патни правци во државата се проодни.
.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја денеска делови од Аеродром, Карпош и Илинден
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 08:30 до 13:30 часот дел од корисниците на улиците 8 и 11 Белимбегово, општина Илинден;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од потрошувачите од улицата Струма, општина Карпош;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од корисниците на булевар Јане Сандански бр. 30, општина Аеродром.
Македонија
Претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд
Облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во југоисточните делови ќе има врнежи од дожд (над 20 l/m²), а на повисоките планини во северозападните делови врнежи од снег. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 7, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно до сабота и релативно топло време со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Во текот на ноќва во југоисточните делови ќе наврне над 20 l/m², а во петок поинтензивни врнежи ќе има во крајните западни делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Од недела ќе настапи заладување и врнежи од снег се очекуваат на планините и во некои од повисоките места.

