Македонија
Владата в сабота со народни пари ќе прославува дипломатски пораз, велат од партијата на Грчева
Политичката партија на Солза Грчева, Глас за Македонија, преку соопштение јавно ја запраша Владата што воопшто мисли да прославува со музичките настани што в сабота ќе се одржат во 15 града.
Оттаму додаваат и дека ова е единствен пример во светот кога една влада ќе прославува тотален пораз на зeлената маса.
„Република Македонија уште од 2008 година има отворена влезница во воениот сојуз под услов да се преименува. Истиот услов останува и денес, а решението што го прифати оваа Влада е прифаќање со неподнослива леснотија и неодговорност на најекстремните грчки барања. Владата во паника, знаејќи дека нема обезбедено национален консензус во оваа авантура, се обидува со непримерена пропаганда да создаде привид на некаква победа“, се наведува во партиското соопштение.
Од Глас за Македонија додаваат и дека ќе се потрошат огромни пари на граѓаните за Владата да направи приватна забава во време на слободен пад на економијата.
„Победа, секако, не е ниту наводниот датум за почнување на преговорите со ЕУ ниту поканата од НАТО, условени со најсрамниот пораз што им го спремаат на Република Македонија и на македонскиот народ. Истовремено, Владата ниту е спремна, а најмалку способна, да изведе каква било позитивна реформа во општеството. Оваа Влада нема што да прославува, а најмалку македонскиот народ заедно со неа“, се вели во соопштението на партијата на Грчева.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

