Македонија
Владата ги утврди стратешките приоритети за следната година

Во рамки на денешната владина седница беше прифатена предлог-одлуката со која се утврдуваат стратешките приоритети во работењето на Владата за 2019 година.
Дел од нив се развојот на економијата, зголемување на продуктивното вработување и подигнување на животниот стандард на граѓаните, членството на Македонија во НАТО и ЕУ, како и борбата со организираниот криминал и корупцијата.
Владината прес-служба, меѓу усвоените приоритети ги издвои и јакнењето на владеењето на правото, преку непристрасно и недискриминирачко спроведување на законите, изградбата на независни институции и функционален систем на локална самоуправа, како и реформите во образованието и инвестирањето во иновации и информатичка технологија.
Владини приоритети за в година ќе бидат и реформите во правосудството, целосно спроведување на охридскиот рамковен договор и градење граѓанска држава и етничка кохезија, соопшти владината прес-служба.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без вода дел од Центар

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради менување на водоводен вентил од Ф 1” (Цол) на улицата 1732 бб спроти сала Маракана Градски Парк, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од Градско Собрание, Маракани Клуб Работнички во општина Центар.
Водоснабдување ќе биде прекинато од 09:00 часот до санирање на дефектот.
Македонија
Сообраќајот низ државата се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Врнежи од снег со слаб интезитет бележиме во Берово кој во моментов не преставува пречка за сообраќајот, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Чучер Сандево и Студеничани денеска без струја

ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од село Горно Оризари, Каменолом Гаранит, село Глуво, село Бразда и село Голиево во општина Чучер Сандево;
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од делот кај општината Студеничани.