Македонија
Владата го прифати планот за модернизација на АРМ

На денешната седница Владата ја прифати информацијата за планирање на опремувањето и модернизацијата на Армијата на Република Македонија во предлог-буџетот на Министерството за одбрана за период 2019-2021.
Приоритет во опремувањето и модернизацијата имаат декларираните сили за НАТО/ПзМ активности прифатени во рамките на НАТО-процесот на планирање и преглед (PARP), вклучително и Лесната пешадиска баталјонска група како најголема декларирана борбена единица со која Република Македонија придонесува во НАТО-базенот на сили.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Министерството ќе соработува со ФИНКИ за модернизација на јавната администрација

Министерството за јавна администрација и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, потпишаа Меморандум за соработка со кој се воспоставува стратешко партнерство насочено кон модернизација на јавната администрација преку научна и академска поддршка.
Овој меморандум претставува основа за зајакнување на соработката помеѓу јавниот сектор и академската заедница, со фокус на размена на знаења, искуства и заеднички развој на иновативни дигитални решенија.
Целта е преку ангажирање на студенти, експертска поддршка, научноистражувачка дејност и заеднички проекти, да се унапредат административните процеси и да се изгради поефикасна, транспарентна и современа јавна администрација.
Соработката предвидува организирање на обуки, работилници и практична настава, развој на апликации и прототипи, како и имплементација на заеднички истражувачки проекти. Посебен акцент ќе се стави и на иницијативи како што се Хакатони, Иновациска лабораторија на јавниот сектор и аплицирање на меѓународни програми.
Оваа иницијатива ја потврдува заложбата на Министерството за јавна администрација за градење на современа и компетентна администрација преку стратешка соработка и вложување во знаење и експертиза.
Македонија
Повторно падната фасада во Козле – Саракинов бара институционална истрага и системска контрола

Координаторот на Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Карпош, Христо Саракинов, денеска реагираше на повторниот инцидент со падната фасада во населбата Козле, потенцирајќи ја потребата од системска контрола и одговорност.
„Станува збор за сериозен настан кој, за среќа, помина без повредени, но со јасна порака – безбедноста на граѓаните мора да биде приоритет“, истакна Саракинов, додавајќи дека ова не е прв ваков случај, потсетувајќи дека пред неколку години, на иста ваква кула и во истата населба Козле неколку стотини метри подоле, фасада се урнала под слични околности.
Според него, фасадите се дел од програмата за енергетска ефикасност, изведени во времето на поранешниот градоначалник Стевчо Јакимовски. Тој побара институционална постапка за утврдување на причините за несреќите.
Саракинов постави неколку клучни прашања: Дали изведбата била согласно техничките стандарди?; Кој вршел надзор?; Дали е потребна дополнителна ревизија на слични објекти?
Тој апелираше до градежната инспекција да ги разгледа двата случаи и побара Општина Карпош да спроведе контрола на сите згради со фасадни интервенции од последните години.
„Во име на граѓаните, бараме вистина, но и корективен пристап кон грешките од минатото“, заклучи Саракинов.
Македонија
Не само што се сомневаме, туку имаме и докази дека пожарите се подметнати, рече Мицкоски

Не само што се сомневаме, туку имаме и докази, изјави премиерот, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на сомнежите дека пожарите се подметнати и обвинувањата од страна на опозицијата за неажурност во справувањето.
„Не само што се сомневаме, туку имаме и докази. Имаме и приведени лица коишто тоа го правеа, посебно на територијата на Скопје, на Градот Скопје. Затоа што пожарот, да речеме, последниот којшто вчера се случи во близина на Смилковското езеро, беше навечер, после девет часот и тоа што го најдовме таму, но и три лица коишто потоа беа обезбедени, укажуваат на тоа дека постои основано сомневање за координирана и добро осмислена акција, посебно во Скопје“, изјави премиерот.
Тој рече и дека специјалните армиски и полициски возила коишто беа преадаптирани, во текот на вчерашниот ден дејствувале на терен.
„Дејствувавме со 9 Пинцгауери, еден Хермелин и 2 БТР-а и тие истурија околу 300 тона вода. Тоа е како полициските и армиските хеликоптери да направат 75 прелети тој ден, што е невозможно. Очекувам по техничкиот прием, деновиве да бидат вклучени сите, така што сметам дека драматично ќе биде подобрена расположливата механизација, би рекол, и специјални возила, да се справиме со овие непогоди во периодот којшто следи“, рече Мицкоски.
Додаде и дека опозицијата има најмалку кредибилитет да зборува во оваа работа и ја нарече „политички лешинари коишто орбитираат во нивниот периметар“.