Контакт

Македонија

Владата даде согласност – во 169 училишта може да има настава со физичко присуство

Објавено пред

Владата на својата 5. седница, одржана на 22 септември, го усвои и извештајот за работата на Комисијата за разгледување поднесени барања од страна на основачи на училиштата за организирање настава со физичко присуство за периодот од 2.9.2020 година до 14.9.2020 година.

dobivaj vesti na viber

Владата го прифати предлогот на Комисијата согласност за настава со физичко присуство да добијат 169 училишта, од кои: 6 државни училишта за деца со посебни образовни потреби, 1 приватно средно училиште со одобрение за експериментална настава во основно образование, 15 централни општински основни училишта, 147 подрачни основни училишта.

Извештајот констатира дека 32 централни општински основни училишта, 11 подрачни основни училишта и 2 приватни училишта не ги исполниле условите.

Според извештајот, за организирање настава со физичко присуство во средните училишта биле доставени вкупно 66 барања, од кои Комисијата предлага согласност да добијат 4 училишта, од кои: 2 државни училишта за деца со посебни образовни потреби, 1 приватно средно училиште, 1 општинско средно училиште. Делумна согласност за реализација само на стручните предмети и практичната настава да добијат 10 училишта (5 уметнички, 4 општински училишта и 1 државно училиште – Спортската академија).

На 5. седница Владата ги усвои предлозите на Комисијата, која, по разгледување на комплетните барања доставени од страна на општините, одобри изведување настава со физичко присуство на училишта за деца со посебни образовни потреби: ПОУ „Д-р Златан Сремец“ — Скопје; ПОУ „Иднина“ – Скопје; Заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух, говор, глас и други проблеми во развојот „Кочо Рацин“ – Битола; Државното училиште за деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ – Кисела Вода – за основно образование; ПОУ „Маца Овчарова“ – Велес; и Заводот за заштита и рехабилитација – Бања Банско, Струмица.

Поради актуелната епидемиолошка состојба и постоењето ризик кај оваа ранлива категорија деца, наставата треба да се реализира со мал број деца во смени со целосно почитување на епидемиолошките мерки во протоколите дадени од нивна страна и протоколот за настава со физичко присуство, а училиштата што имаат интернатско сместување да ги опфатат само своите ученици со максимално сместување до 2 деца во соба.

Од барањата на приватните основни училишта, одобрение доби француското интернационално училиште „Ефис“ од Скопје.

Согласност за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение доби и Подрачното основно училиште (ПУ) „Мородвис“ во општина Зрновци.

Во општина Берово согласност добија ПУ с. Будинарци, ПУ с. Митрашинци; ПУ с. Ратево; ПУ с. Смојмирово; и ПУ с. Владимирово за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение.

Во општина Валандово согласност за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение во смени со учениците од прво до трето одделение добија ПУ с. Чалакли; ПУ с. Казан Дол; и ПУ. с. Брајковци, а ПУ во Дедели, Башибос и во Грчиште добија согласност за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение.

На подрачните училишта во с. Калково, с. Марвинци, и во с. Удово им се дава согласност за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение во смени во групи по возраст (учениците од прв период во една смена, учениците од втор период во втора смена).

Општина Василево доби согласност за ПУ с. Доброшинци за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение во две смени; за ПУ с. Чанаклија и за ПУ с. Сушево, ПУ с. Владевци за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение и за реализација на настава во две смени со учениците од прво до петто одделение; ПУ с. Едрениково и во с. Седларци, и ПУ с. Радичево за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение, а за ПУ с. Дукатино е одобрена согласност за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение со укажување наставата да се реализира во две смени со учениците од прво до петто одделение.

Во општина Петровец согласност за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение добија ПУ с. Горно Коњари, ПУ с. Сушица и ПУ с. Чифлик.

Општина Пехчево доби согласност за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение за ПУ с. Црник, ПУ с. Панчарево, ПУ с. Умлена и за ПУ с. Робово.

Во општина Новаци организирана настава со физичко присуство ќе има во ООУ „Славко Лумбарковски“ за учениците од четврто и петто одделение и во ПУ с. Бач за учениците од шесто до деветто одделение; во ПУ с. Живојно, ПУ с. Далбеговци, ПУ с. Агларци, ПУ с. Добромири, ПУ с. Рибарци и во ПУ с. Гермијан исто така за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение.

Во општина Могила, ПУ с. Д. Чарлија доби согласност за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение; за ПУ с. Радобор се дава согласност за организирање настава со физичко присуство на ученикот од четврто одделение.

На ООУ „Браќа Миладиновци“ од с. Добрушево му е одобрена согласност за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение, како и на ПУ с. Дедебалци, ПУ с. Мусинци, ПУ с. Ношпал, ПУ с. Трап и на ПУ с. Будаково.

Согласност за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение добија и ООУ „Кочо Рацин“ во с. Ивањевци, како и ПУ с. Долно Српци, ПУ с. Волино и ПУ с. Трновци.

Општина Дебрца доби согласност за ООУ „Дебрца“ за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто до деветто одделение во смени, исто како и за ПУ с. Оровник и ПУ с. Требеништа, за ПУ с. Мешеишта, за ПУ с. Ботун.

ПУ с. Велмеј, ПУ с. Злести и ПУ с. Издеглавје во оваа општина добија согласност за организирање настава со физичко присуство на ученикот од петто одделение поради комбинирана паралелка, а ПУ с. Горенци и ПУ с. Лешани добија согласност за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто до деветто одделение.

Во општина Лозово согласност за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение доби ООУ „Методи Митевски – Брицо“, како и ПУ с. Дорфулија, ПУ с. Каратманово, ПУ с. Сарамзалино и ПУ с. Милино исто така за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение.

Општина Зелениково доби согласност за ПУ с. Страхојадица за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто до деветто одделение и за ПУ с. Орешани за настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение.

Во општина Карбинци согласност за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение доби ООУ „Страшо Пинџур“ и ПУ с. Таринци, ПУ с. Балван, ПУ с. Прналија, ПУ с. Калаузлија, ПУ с. Радање, ПУ с. Кучица исто така за учениците од четврто и петто одделение, а ПУ с. Оџалија за ученикот од четврто одделение, ПУ с. Крупиште за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто до деветто одделение во две смени и ПУ с. Караорман за учениците од четврто и петто одделение во две смени.

Во општина Конче согласност добија ПУ с. Габревци, ПУ с. Ракитец, ПУ с. Долни Липовиќ, ПУ с. Горни Липовиќ и ПУ с. Дедино за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение.

Општина Богданци доби согласност за ПУ с. Ѓавото и ПУ с. Селемли за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение.

Во општина Македонска Каменица, ПУ с. Саса има согласност за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто до деветто одделение во две смени, а ПУ с. Моштица и ПУ с. Цера 1 за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение.

Во општина Долнени ООУ „Пецо Даскалот“ од с. Долнени доби согласност за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение, како и ПУ с. Сенокос, с. Браилово, ПУ с. Бело Поле, ПУ с. Костинци, ПУ с. Дупјачани, ПУ с. Дреновци, ПУ с. Небрегово, ПУ с. Кошино, ПУ с. Гостиражни и ПУ с. Заполжани, а во ПУ с. Вранче ќе се организира настава со физичко присуство на учениците од четврто до деветто одделение.

Во ООУ „Али Фетхи Окјар“ во с. Дебреште ќе се организира настава со физичко присуство на учениците од комбинираната паралелка (на албански наставен јазик) од четврто и петто одделение.

Во општина Старо Нагоричане, во ООУ „Христијан Тодоровски Карпош“ – с. Драгоманце, ќе се организира настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение, во ПУ с. Челопек и во ПУ с. Пелинце се дава согласност за организирање настава со физичко присуство на двата ученика од четврто одделение, а во ПУ с. Арбанашко ќе се организира настава со физичко присуство на ученикот од петто одделение.

Во оваа општина во ООУ „Христијан Карпош“ – с. Младо Нагоричане – се дава согласност за организирање настава со физичко присуство на учениците од петто одделение, исто како и во ПУ с. Облавце.

Во ПУ с. Ѓорговци настава со физичко присуство ќе има за учениците од четврто одделение, а во ООУ „Светозар Марковиќ“, во ПУ с. Алгуња и во ПУ с. Никуљане за учениците од четврто и петто одделение.

Во општина Сопиште настава ќе се организира во ООУ „Драга Стојановска“ во с. Ракотинци за учениците од четврто и петто одделение, исто како и во ПУ с. Добри Дол, и ПУ с. Долно Соње и ПУ с. Држилово, а во ПУ с. Патишка Река се дава согласност за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто до деветто одделение.

Општина Илинден доби согласност за ПУ с. Мралино, ПУ с. Бунарџик и за ПУ с. Текија за физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение, а за ПУ с. Мршевци има согласност за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение во две смени.

Во општина Кривогаштани, ООУ „Манчу Матак“ во с. Кривогаштани доби согласност за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение, исто како и ПУ с. Крушеани, ПУ с. Славеј, ПУ с. Врбјани, ПУ с. Бела Црква и ПУ с. Боротино.

ПУ с. Подвис во оваа општина доби согласност за организирање настава со физичко присуство на учениците од петто одделение, а ПУ с. Годивје за учениците од четврто одделение.

Во општина Гевгелија, ООУ „Климент Охридски“ во с. Миравци ќе организира настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение, како и ПУ с. Давидово, ПУ с. Богородица, ПУ с. Мрзенци и во ПУ с. Прдејци, а во ПУ с. Милетково, во ПУ с. Моин и во ПУ с. Смоквица настава со физичко присуство ќе има за учениците од четврто одделение.

Во ПУ с. Кованец во оваа општина се дава согласност за организирање настава со физичко присуство на учениците од петто одделение.

Општина Битола доби согласност за организирање настава со физичко присуство на учениците од петто одделение во ПУ с. Братиндол и ПУ с. Брусник, за ПУ с. Дихово се дава согласност за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто одделение, а во ПУ с. Трново настава со физичко присуство ќе има за учениците од прво до петто одделение (комбинирана паралелка од прво до петто одд).

И ООУ „Ѓорѓи Сугарев“, Битола, доби согласност за организирање настава со физичко присуство на учениците во посебната паралелка од четврто до деветто одделение. Во ПУ с. Крклино ќе се организира настава со физичко присуство на учениците во комбинираните паралелки од прво до петто, а во ПУ с. Лопатица за учениците во комбинираните паралелки од второ до петто.

Во ПУ с. Црнобуки и во ПУ с. Лисолај во општина Битола ќе се организира настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение, во ПУ с. Габалавци за учениците од петто одделение, а во ПУ с. Драгожани за четврто одделение.

Во општина Битола, ОУ „Крсте Петков Мисирков“ во с. Бистрица ќе организира настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение, како и во ПУ с. Барешани, ПУ с. Велушина, ПУ с. Егри, ПУ с. Доленци , ПУ с. Граешница, ПУ с. Меџитлија, ПУ с. Кременица, ПУ с. Лажец, ПУ с. Кравари, ПУ с. Канино, ПУ с. Оптичари, ПУ с. Породин, а во ПУ с. Кишава, ПУ с. Острец и ПУ с. Олевени ќе се организира настава со физичко присуство на учениците од четврто одделение.

За ПУ с. Цапари се дава согласност за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто до деветто одделение во смени.

За Јавната установа за деца со воспитно-социјални проблеми и нарушено поведение (објект Радишани и Визбегово), се дава согласност за организирање настава со физичко присуство за штитеници во установата.

Во делот на средното образование согласност за организирање настава со физичко присуство добија средните училишта за ученици со посебни образовни потреби – Државниот училиштен центар за образование и рехабилитација „Партенија Зографски“ Гази Баба – Скопје; и Државното училиште за деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ Кисела Вода – Скопје.

Согласност за организирање настава за стручните предмети за соодветните видови подрачја со физичко присуство добија и средните уметнички училишта – Државното музичко училиште Битола; Државниот музичко-балетски училиштен центар „Илија Николовски Луј“ – Скопје; Државното музичко училиште „Тодор Скаловски-Тетоец“ – Тетово, Државниот музички училиштен центар „Сергеј Михајлов“ – Штип и Државното средно училиште за применета уметност „Лазар Личеновски“ – Скопје.

На овие средни училишта не им е дадена согласност за организирање настава со физичко присуство на учениците во наведените училишта за наставата по општообразовните предмети, теоретските предмети, солфеж, хор, оркестар и хорско пеење.

На Спортската академија „Центар“ ѝ е дадена согласност за реализација на стручните предмети (избран спорт: ракомет, фудбал, кошарка и тенис) во согласност со одобрените протоколи на соодветната федерација.

Во однос на приватните средни училишта согласност за организирање физичка настава доби Приватното средно училиште QSI INTERNATIONAL SCHOOL of Skopje – Скопје за учениците од прва до четврта година.

Во општина Битола согласност доби СОУ СОЗУ „Кузман Шапкарев“ за организирање настава во две смени со физичко присуство на учениците од прва до четврта година.

Во согласност со препораките на Комисијата, практичната настава во стручното образование учениците ќе ја реализираат со физичко присуство во согласноаст со одобрениот план и протоколите за средно образование, практична настава, феријална практика и учење преку работа.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Филипче: Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски

Објавено пред

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, реагираше на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски.

dobivaj vesti na viber

„Наместо да ги спроведе реформите што Европа ги бара две години, Мицкоски нуди само изолација и анти-ЕУ кампања. Преку 70% од граѓаните сакаат ЕУ – а тој зборува за „булинг“ и „прва и втора лига“. Тоа не е булинг, тоа е последица од неисполнување на обврските: правда, слобода на медиуми, борба против корупција. ВМРО секојдневно создава конфликти со соседите а на критиките од Брисел одговара со напади врз ЕУ. Затоа нема напредок, затоа 5 тони дрога излегуваат преку македонската граница неказнето, затоа судството и обвинителството се под контрола, а медиумите се задушени преку моделот на Орбан. Европа ни даде јасна шанса до 2027, заедно со регионот! Црна Гора и Албанија напредуваат. Ние? Само ако престанеме со оваа политика на изолација што намерно ја турка Мицкоски. Мицкоски ВМРО не сакаат ЕУ – сакаат да крадат на тендери без надзор. Тоа не е европска вредност. Тоа е криминална вредност. Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски“ стои во реацијата на претседателот Филипче.

Мицкоски на денешната конференција на Паневропската унија во Македонија на тема „Европската иднина на Западен Балкан: Политичка интеграција, регионална соработка и економска отпорност во време на глобални предизвици“ рече дека „Македонија е жртва на класичен булинг на земји членки коишто од внатре го уценуваат интегрирањето во рамките на Европската Унија и тоа не се цени според тоа каков напредок имаме, туку се цени според тоа дали ќе го смениме Уставот, знамето, банкнотите.“

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Не гледам потреба за одржување на предвремени парламентарни избори, вели премиерот Мицкоски

Објавено пред

Премиерот Христијан Мицкоски не гледа потреба за одржување на предвремени парламентарни избори. Тој нагласи дека во разговорите со меѓународната заедница и со граѓаните како главен приоритет се посочуваат реформите и нивната реализација.

dobivaj vesti na viber

„Тоа е она што е главен фокус и приоритет на оваа Влада. Реформи и испорака. Се разбира дека ВМРО-ДПМНЕ како најголема политичка партија во државата мора да се однесува одговорно кон граѓаните, иако после локалните избори и оној апсолутен триумф, политички гледано нас ни одговара да има предвремени парламентарни избори, но и покрај сето тоа нашиот приоритет и фокус е испорака и реформи за подобар живот и стандард на граѓаните“, истакна Мицкоски.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Манасиевски: Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, морало се да оди по насока на Заев

Објавено пред

Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, кажа денеска на прес-конференција, Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Ристо Катевеновски, поранешен судија на Врховниот суд тврди дека бил разрешен поради тоа што не дал позитивно мислење за судски случај по барање на тогашните власти СДС и ДУИ. На судско рочиште судијата Катевеновски истакнал дека нема да даде позитивно мислење во случајот поврзан со поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, и дека ќе биде потребно да се разговара со неговите колеги за понатамошно дејствие. Но, по само еден ден од оваа дадена изјава на Катевеновски, кој вели дека била дадена зад затворени врати, Судскиот совет свикал итна седница на која тој бил разрешен. Сведоштвото на Катевеновски води кон тогашните власти, а како што вели тој – неговото разрешување дошло од СДС и ДУИ, или во превод од Зоран Заев и Али Ахмети“, рече Манасиевски.

Тој истакна дека „правдата и вистината која Заев ја ветуваше кога дојде на власт се покажа како селективна“.

„Но, она што е клучно е тоа дека повторно добиваме сведоштва за притисокот на СДС и ДУИ, кон правосудните органи. Она кое ние го говориме во јавноста со години, сега веќе и се потврдува. Тие биле оние кои одлучувале кој ќе се апси, а кој ќе се апстрахира од одреден случај. СДС и ДУИ си ја партизираа државата и нејзините институции. ВМРО-ДПМНЕ тоа повеќе нема да го дозволи повеќе. Потребна е одговорност!“, заклучи Манасиевски.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија15 часа

(Видео) Мицкоски: 17 нови проекти вредни 650 милиони евра ќе донесат до 5.000 работни места

Премиерот Мицкоски денеска изјави дека во моментов се во почетна фаза на реализација или во фаза на потпишување договори за...

Економија17 часа

(Фото+видео) Николоски: Со одлична динамика се гради автопатот Гостивар – Букојчани

Задоволство е да се гледа прогрес и да се гледааат добри резултати во изградбата на автопатот Гостивар – Букојчани. Имаме...

Македонија17 часа

Филипче: Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, реагираше на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски. „Наместо да ги спроведе реформите што Европа ги...

Македонија17 часа

(Видео) Не гледам потреба за одржување на предвремени парламентарни избори, вели премиерот Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски не гледа потреба за одржување на предвремени парламентарни избори. Тој нагласи дека во разговорите со меѓународната заедница...

Македонија18 часа

(Видео) Манасиевски: Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, морало се да оди по насока на Заев

Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, кажа денеска на прес-конференција, Валентин Манасиевски, член на...

Македонија19 часа

(Видео) Мицкоски: Македонија е жртва на класичен булинг на земји членки кои од внатре го уценуваат интегрирањето во ЕУ

Европската интеграција на нашата земја, можеби е единствен случај во Европа чијашто интеграција во рамките на самата Европска Унија не...

Свет20 часа

(Фото+видео) Украински напад врз руска фабрика за ракети – 11 лица повредени

Единаесет лица се повредени во напад со беспилотно летало врз фабрика за производство на ракети во Удмуртија, Русија. Три од...

Свет20 часа

Макрон ја поздрави пресудата на Врховниот суд против царините на Трамп

Францускиот претседател, Емануел Макрон, ја поздрави одлуката на американскиот Врховен суд да ги поништи царините што претседателот на САД, Доналд...

Регион1 ден

(Видео) Насилни протести во Албанија: Фрлени молотови коктели врз зградата на владата

Во Албанија се одржа нов антивладин протест, кој беше обележан со тензии и судири со полицијата, пренесува Анадолија. Опозицискиот протест...

Македонија1 ден

Сиљановска-Давкова: Европа не може да биде целосно безбедна се додека Западен Балкан е надвор од Европската Унија

Без поцврста и поодлучна ЕУ, Балканот останува простор каде што надворешните сили ќе продолжат да ја тестираат својата моќ, порача...

Свет1 ден

Плановите за напад на Иран влегуваат во последна фаза: поамбициозни се отколку што се сметаше претходно

Американските воени планови за операции во Иран се во завршна фаза, со опции кои вклучуваат таргетирање поединци или дури и...

Свет2 дена

Пристигна првата реакција на ЕУ за укинувањето на царините на Трамп

Европската Унија повика на стабилност во трансатлантските трговски односи откако Врховниот суд на Соединетите Американски Држави пресуди со 6-3 гласови...

Топ2 дена

Од Дубаи екстрадирано лице барано со потерница од македонската полиција, прва екстрадиција од Обединетите Арапски Емирати во нашата земја

Денеска од Дубаи во нашата земја беше екстрадиран 33-годишниот Флорим Лимани, кој беше баран со меѓународна потерница за издржување затворска...

Топ2 дена

Кривична против поранешна директорка на Клиничка болница Битола за злоупотреба на службената положба и овластување

СВР Битола, до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против Е.И.(53) од Битола поради постоење основи на сомнение за...

Македонија2 дена

Се заканувал со напад со „калашников“, иснпириран бил од настан од САД: дваесетгодишник од Мала Речица под истрага за тероризам

Јавен обвинител од ОЈО ГОКК донесе наредба за спроведување на истражна постапка против дваесет годишен жител на Мала Речица за...

Македонија2 дена

Од Струмица и Скопје, преку Свети Николе: под истрага шест лица за транспортот на осум тони марихиуана што заврши во Србија

Обвинителсството донесе Наредба за спроведување истражна постапка против шест лица за неовластено изработување и пуштање во промет на наркотична дрога,...

Македонија2 дена

(Видео) Поскапувањата во јануари и февруари го „изедоа“ владиното покачување на минималната плата, ССМ пресмета 969 денари поскапа кошничка за февруари

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) за месец февруари пресмета зголемување на вредноста на минималната потрошувачка кошничка за 969 денари,...

Македонија2 дена

Искусните лекари ќе можат да работат до 70 години и да земаат пензија каде што има дефицит, предност за вработување ќе имаат најдобрите дипломци – подготвени законските измени

Министерството за здравство подготви повеќе значајни измени и дополнувања на Законот за здравствената заштита, кои неделава се објавени на Единствениот...

Топ2 дена

Истрага за свирепо убиство во Челопек: Млад маж убил старица што живеела сама, се проверува и поврзаноста со слични злосторства

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано...

Македонија2 дена

(Фото) Германија донира техничка опрема и возила од 600.000 евра на МВР

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска во кругот на Министерството за внатрешни работи присуствуваше на церемонија на примопредавање на...