Македонија
Владата именува директори на повеќе институции
Владата, вчера, на шестата седница донесе повеќе одлуки за разрешување на досегашните и именување нови кадровски решенија, и тоа:
Фејсаљ Беадини, се именува за в.д. директор на Бирото за процена, орган во состав на Министерството за правда.
Седад Рушани се именува за в.д. директор на Бирото за метрологија, орган во состав на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.
Шабан Алајбегу се именува за в.д. директор на Државниот просветен инспекторат.
Хаќим Рамадани се именува за в.д. директор на Државниот инспекторат за локална самоуправа.
Зухејр Реџепи се именува за в.д. директор на Државен инспекторат за градежништво и урбанизам.
Месуд Јакупи се именува за в.д. директор на Агенција за стоковни резерви.
Џеладин Џеладини се именува за в.д. директор на Казнено-поправна установа „Затвор Тетово“.
Сељатин Бељули се именува за в.д. директор на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија.
Весна Пешова се именува за в.д. заменик-директор на Агенција за вработување на Република Северна Македонија.
Ељјеса Незир се именува за в.д. директор на Државниот завод за индустриска сопственост.
Гранит Османи се именува за в.д. директор на Агенцијата за примена на јазикот што го зборуваат најмалку 20 отсто од граѓаните на Република Северна Македонија.
Воедно, на седницата на Владата се донесе одлука за укинување на заклучокот на претходната техничка влада, со што се предизвикуваат фискални импликации за реализација на проектот за изведба на автопатот Коридор 8, делница 2: Гостивар – Букојчани од дополнителни 252.699.474 евра, кои не се планирани и обезбедени во буџетот, ниту се економски исплатливи.
Овој заклучок бил усвоен на 13 јуни оваа година, повеќе од еден месец п изборите и на неколку дена пред донесувањето на одлуката за избор на нова влада на Република Северна Македонија, како и економската неисплатливост за негова реализација. Најавено е дека за овој заклучок ќе биде известено и Основното јавно обвинителство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Забранет сообраќајот на регионалниот пат Гостивар – село Чегране поради излевање на реката Вардар и обилниот дожд
Во 20.40 часот е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране поточно во село Форино, поради излевање на реката Вардар и обилни врнежи од дожд, извести АМСМ.
Сообраќајот се пренасочува од село Чајле кон село Старо Чајле према село Форино.
Воведена е забрана за сообраќај и на локалниот пат од „Тумчевишка Петла“ кон село Тумчевиште и село Чегране, додаваат од АМСМ.
Македонија
Меѓународните односи, реформите и борбата против корупција во фокусот на разговорите меѓу Сиљановска-Давкова и Варнс
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Никол Варнс, вршителка на должноста шеф на мисијата во Амбасадата на САД.
Таа изрази подготвеност за понатамошна соработката со истата динамика и посветеност како со претходната амбасадорка.
Разговорот започна со осврт на меѓународните односи, состојбите во НАТО, ЕУ и регионот.
Потоа соговорничките се фокусираа на македонските работи: реформските процеси во судството, дигитализацијата, борбата против корупцијата и организираниот криминал и реализацијата на инфраструктурните проекти.
За нив, инклузивниот модел на одлучување и меритократијата во сите сфери на општествениот живот, а особено во образовниот систем и во регрутирањето на државната и јавна администрација на највисоко ниво се клучни не само за нашата евроинтеграција, туку и за просперитетот на државата.
Во време на безбедносни предизвици и ризици, за обете, американско-македонското стратешко партнерство, како и сојузништвото во НАТО се важни за стабилноста.
Амбасадорката ја потврди американската подготвеност за унапредување на пријателските односи, поздравувајќи ја неодамна усогласената заедничка изјава за рамката за идниот Договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, како значаен чекор во зајакнувањето на економската соработка.
Сиљановска-Давкова и Варнс очекуваат со Акцискиот план да се конкретизираат низа проекти во интерес на граѓаните.
Македонија
Укината забраната за сообраќај на камиони на патот Гостивар-Стража-Кичево
Од 17:20 часот укината е забраната за ТМВ на патниот правец Гостивар-Стража и обратно.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Врнежи од снег има на Пониква и на патниот правец Штип-Неготино кај с.Лесковица, кој во моментов не претставува пречка за одвивање на сообракајот, јави АМСМ.

