Македонија
Владата им даде инструкции на министрите – мора да учествуваат на неформалните состаноци на ЕУ
Министрите денеска ја разгледаа и ја прифатија информацијата за програмата и приоритетите на Австриското претседателство со Советот на Европската Унија, со календар за одржувањето на неформалните министерски состаноци на Европската Унија. Владата ги задолжи ресорните министри доколку добијат покана за учество на неформалните министерски состаноци на ЕУ да учествуваат на истите, а по одржувањето на состаноците во рок од 15 дена да ги известат Владата на Република Македонија, Министерството за надворешни работи и Секретаријатот за европски прашања. Исто така, Mинистерството за надворешни работи е задолжено да ги координира подготовките за учество на неформалните министерски состаноци на Европската Унија.
За време на нејзиното претседателство, Австрија ќе се фокусира на безбедноста на Унијата (борбата против нелегалната миграција преку обезбедување на надворешните граници на Унијата), одржување на Европската конкурентност преку дигитализацијата и стабилноста во поблиското соседство на Австрија (интеграција во ЕУ на земјите од Западниот Балкан).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општината Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот корисниците на улиците Борис Сарафов и Атанас Иљоски (општина Ѓорче Петров).
Македонија
Магла на два патни правци, најавен собир на регионалниот пат Берово – Струмица, сообраќајот ќе биде блокиран
Поради појава на магла се бележи намалена видливост од 50 – 60 магла има на патните правци Неготино – Градско и Неготино – Демир Капија, извести АМСМ.
Најава за прекин на сообраќај: На 19.12.2025 година во 10.00 часот од страна на Месно население на село Двориште, најавен е јавен собир на Регионален пат П-1302 (Берово – Струмица) на место викано „Студенецо“, при што сообраќајот ќе биде блокиран, а возачите кои сообраќаат по патниот правец Струмица – Берово, да ги користат алтернативните патни правци, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне магла
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне наместа ќе има појава на магла. Во југоисточниот дел од земјата ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на стабилна воздушна маса до понеделник ќе се задржи стабилно и тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Во вторник кон крајот на денот ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

