Македонија
Владата и ДКАФ потпишаа меморандум за реформа на разузнавачките служби
Претседателот на Владата, Зоран Заев, и Томас Гурбер, директорот на Женевскиот центар за демократска контрола на вооружените сили (ДКАФ), денеска потпишаа меморандум за разбирање за имплементација на програмата за реформа на Секторот на разузнавачките служби на Република Македонија за периодот 2017-2020 година.
„Женевскиот центар за демократска контрола на вооружените сили (ДКАФ) е меѓувладина фондација во чијшто основачки одбор Република Македонија членува од 2000 година. Оваа фондација обезбедува поддршка за државите и меѓународните фактори за истражувања и проекти со цел подобрување на владеењето и реформите на секторот за разузнавање и безбедност“, рече премиерот Заев.
Истакнувајќи ја исклучителната важност на меморандумот и стратешкото партнерство што ДКАФ по промените ѝ го понуди на Република Македонија за спроведување на реформата во безбедносниот сектор и разузнавачките служби и на институциите кои имаат мандат да ги надгледуваат и да ги контролираат овие служби, премиерот Заев истакна:
„Оваа соработка е клучна за нас, пред сè заради враќање на довербата на граѓаните во оние институции од безбедносниот сектор, кои во минатото беа означени како симбол на ‘заробената држава’ која ја наследивме, како главна асоцијација за кршење на човековите слободи и права“, оцени премиерот.
Заев информираше дека потпишувањето на денешниот меморандум за разбирање со ДКАФ е печат за гаранција на контролните механизми утврдени со новиот законски пакет, кој беше усвоен со консензус со опозицијата, во соработка со стручни лица од Европската Унија и кои нема да дозволат самоволно прекршување на граѓанските и човекови права и кои го минимизираат политичкото влијание врз можноста за незаконско и политички мотивирано прислушкување“.
Потсетувајќи дека со новиот законски пакет се предвидува формирање Оперативно техничката агенција (ОТА), чиј директор ќе се избира со двотретинско мнозинство и со дополнително Бадинтерово мнозинство, премиерот Заев рече:
„Тоа е нова вредност за реформскиот процес, но и гаранција дека никогаш повеќе нема ниту една политичка гарнитура да си дозволи да ги крши основните човекова права и слободи и да ги прислушкува сопствените граѓани незаконски, без контрола и од политички причини. Тоа го ветивме, тоа и го реализираме“.
Истовремено, премиерот Заев додаде дека меморандумот обезбедува соработка која ќе помогне за заживување и имплементација на донесените закони во пракса.
Потпишувањето на меморандумот за разбирање со ДКАФ премиерот Заев го оцени како еден од проектите кои преку гаранцијата за сигурноста на граѓаните и заштитата на нивните права ќе им овозможи и на меѓународните партнери да бидат уверени дека Република Македонија сигурно чекори по патот до европска и демократска држава, во која владее правото и во која институциите се грижат подеднакво за безбедноста на државата.
Во своето обраќање на прес-конференцијата директорот Томас Гурбер посочи дека актуелната влада што ја предводи премиерот Заев стави приоритет на реформите кои ги опфаќаат националните служби за безбедност и разузнавање, со што, како што рече, се трасира патот на еден поефикасен безбедносен сектор со јакнење на внатрешната отчетност на разузнавачките служби и истовремено јакнење на надворешниот парламентарен надзор и судската контрола.
Директорот Гурбер упати честитки до Владата на РМ и граѓаните на Република Македонија за добиената чиста безусловна препорака од Европската комисија за почеток на преговорите за членство на државата во ЕУ и истакна дека со денешниот настан и истакнатите заложби, земјата се носи еден чекор поблиску до нејзините аспирации во евро-атлантските интеграции.
На настанот присуствуваа заменикот на претседателот на Владата на Република Македонија и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, амбасадори и претставници на амбасадите на Соединетите Американски Држави, Обединетотото Кралство, Германија, Холандија, Шведска, Швајцарската Конфедерација, Република Хрватска и претставници на делегацијата на Европската Унија во Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Филипче: Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, реагираше на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски.
„Наместо да ги спроведе реформите што Европа ги бара две години, Мицкоски нуди само изолација и анти-ЕУ кампања. Преку 70% од граѓаните сакаат ЕУ – а тој зборува за „булинг“ и „прва и втора лига“. Тоа не е булинг, тоа е последица од неисполнување на обврските: правда, слобода на медиуми, борба против корупција. ВМРО секојдневно создава конфликти со соседите а на критиките од Брисел одговара со напади врз ЕУ. Затоа нема напредок, затоа 5 тони дрога излегуваат преку македонската граница неказнето, затоа судството и обвинителството се под контрола, а медиумите се задушени преку моделот на Орбан. Европа ни даде јасна шанса до 2027, заедно со регионот! Црна Гора и Албанија напредуваат. Ние? Само ако престанеме со оваа политика на изолација што намерно ја турка Мицкоски. Мицкоски ВМРО не сакаат ЕУ – сакаат да крадат на тендери без надзор. Тоа не е европска вредност. Тоа е криминална вредност. Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски“ стои во реацијата на претседателот Филипче.
Македонија
(Видео) Не гледам потреба за одржување на предвремени парламентарни избори, вели премиерот Мицкоски
Премиерот Христијан Мицкоски не гледа потреба за одржување на предвремени парламентарни избори. Тој нагласи дека во разговорите со меѓународната заедница и со граѓаните како главен приоритет се посочуваат реформите и нивната реализација.
„Тоа е она што е главен фокус и приоритет на оваа Влада. Реформи и испорака. Се разбира дека ВМРО-ДПМНЕ како најголема политичка партија во државата мора да се однесува одговорно кон граѓаните, иако после локалните избори и оној апсолутен триумф, политички гледано нас ни одговара да има предвремени парламентарни избори, но и покрај сето тоа нашиот приоритет и фокус е испорака и реформи за подобар живот и стандард на граѓаните“, истакна Мицкоски.
Македонија
(Видео) Манасиевски: Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, морало се да оди по насока на Заев
Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, кажа денеска на прес-конференција, Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Ристо Катевеновски, поранешен судија на Врховниот суд тврди дека бил разрешен поради тоа што не дал позитивно мислење за судски случај по барање на тогашните власти СДС и ДУИ. На судско рочиште судијата Катевеновски истакнал дека нема да даде позитивно мислење во случајот поврзан со поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, и дека ќе биде потребно да се разговара со неговите колеги за понатамошно дејствие. Но, по само еден ден од оваа дадена изјава на Катевеновски, кој вели дека била дадена зад затворени врати, Судскиот совет свикал итна седница на која тој бил разрешен. Сведоштвото на Катевеновски води кон тогашните власти, а како што вели тој – неговото разрешување дошло од СДС и ДУИ, или во превод од Зоран Заев и Али Ахмети“, рече Манасиевски.
Тој истакна дека „правдата и вистината која Заев ја ветуваше кога дојде на власт се покажа како селективна“.
„Но, она што е клучно е тоа дека повторно добиваме сведоштва за притисокот на СДС и ДУИ, кон правосудните органи. Она кое ние го говориме во јавноста со години, сега веќе и се потврдува. Тие биле оние кои одлучувале кој ќе се апси, а кој ќе се апстрахира од одреден случај. СДС и ДУИ си ја партизираа државата и нејзините институции. ВМРО-ДПМНЕ тоа повеќе нема да го дозволи повеќе. Потребна е одговорност!“, заклучи Манасиевски.

