Македонија
Владата и политичките партии положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев
Владина делегација и претставници од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ утрово положија цвеќе на гробот на револуционерот Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ по повод 149 години од неговото раѓање.
Во име на Владата пред гробот на Делчев се поклони заменик-министерот за локална самоуправа, Зоран Димитровски.
Со овој чин Владата им се придружи на настаните со кои му се оддава почит на делото на големиот револуционер за неговиот историски придонес во создавањето на македонската државност.
Од СДСМ цвеќе положија Марија Георгиевска, претседателка на ОО СДСМ Карпош, и Александар Димитриевиќ, потпретседател на СДММ.

Делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ ја предводеше генералниот секретар Ѓорѓи Сајкоски, заедно со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, и претседателката на Унијата на жените, Жаклина Пешевска.

„Оддавањето почит на ликот и делото на великанот на македонското револуционерно движење – Гоце Делчев, еден од најистакнатите водачи и идеолози на Македонската ослободителна борба, значи продолжување на нашата заедничка обврска за зачувување на македонската држава, македонската историја и јазикот. ВМРО-ДПМНЕ како во минатото така и денеска покажува почит и негување на заложбите на македонските херои и останува на браникот на одбрана на татковината бидејќи за нас токму Гоце Делчев е црвена линија и нашиот идентитет“, истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Денеска температурата до 13 степени, викендов променливо облачно и постудено
Сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини во утринските часови ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.
Во Скопје, сончево и тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно и постудено време со локални слаби врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање. Потоа до средината на следната седмица времето ќе биде стабилно и суво
Македонија
Без струја делови од Аеродром, Илинден и Гази Баба
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
· во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од ул.1 Црешево и ул.1 Виниче, општина Гази Баба;
· во периодот од 09.30 до 12.00 часот, корисниците на технолошка индустриска развојна зона, м.в.Птицоводна станица (само магацинот објект на Нептун), општина Илинден;
· во периодот од 11.00 до 13.00 часот, дел од корисниците на бул.Кузман Ј.Питу бр.28 и 30., општина Аеродром.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведувзње на водоводен уличен дефект Ф200мм. на улица Димитар Чуповски 27 (позади гимназијата Јосип Брос Тито), со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на улицата Димитрие Чуповски и Мито Хаџивасилев Јасмин.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување на работните активности.

