Македонија
Владата ќе бара од НАТО да се активираат механизмите за цивилна заштита во услови на вонредни состојби

Владата ја одржа својата 31. седница на која беа усвоени записниците од 13. и 14. состанок на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на коронавирус Kовид-19, одржани на 28 и на 30 март 2020 година.
Согласно заклучокот од 14. состанок на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на коронавирусот, Владата одлучи да побара од НАТО да бидат активирани механизмите за цивилна заштита во услови на вонредни состојби на Евро-атлантскиот центар за координиран одговор во случаи на катастрофи (Euro-Atlantic Disaster Response Coordination Centre – EADRCC) и задолжи работна група предводена од Секретаријатот за европски прашања, кој ја координира меѓународната помош, да подготви листа на приоритети за кои е неопходна идна асистенција од овие механизми.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја делови од Гази Баба, Аеродром и Карпош

Без струја денеска ќе останат делови од општините Гази Баба, Аеродром, Карпош и Чучер Сандево.
Од ЕВН Македонија АД добиено е известување дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа на ден 06.05.2025 година ( вторник ) без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 06:00 до 15:00 часот населба Економија, дел од Сингелиќ, објектите на главен пат за Арачиново.(општините Гази Баба и Арачиново)
– во периодот од 09:00 до 11:00 часот, Булевар Асном околина на ОУ Лазо Ангелевски, Февруарски поход -Ново Лисиче ( општина Аеродром );
– во периодот од 09:00 до 12:00 часот,Населба Лисиче дел од ул.1623,кон бул.Србија. ( општина Аеродром );
– во периодот од 09:00 до 13:00 часот,дел од корисниците на ул.Јуриј Гагарин.( општина Карпош );
– во периодот од 09:00 до 18:00 часот, корисниците од Г.Оризари,Каменолом Гранит во село Бразда.( општина Чучер Сандево );
– во периодот од 09:00 до 14:30 часот,Булевар Асном до ЕВН КЕЦ Аеродром и околина ( општина Аеродром ).
Македонија
Без вода дел од Општина Центар

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека денеска (Вторник), поради изведување на водоводен приклучок од ф-80 мм на ул. Никола Тримпаре бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Никола Тримпаре, Дебарца и Борка Талевски.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.(Општина Центар)
Македонија
Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Времето денеска, променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град.
Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 21 до 29 степени.
Во Скопје, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за краткотрајно невреме со изолирана појава на град.
Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 28 степени.
Во наредните денови следува период на променливо облачно и нестабилно време со честа појава на локални врнежи од дожд и грмежи.
Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (за кратко време поголема количина), грмежи, силен ветер (над 60 km/h) и изолирана појава на град.
До петок ќе дува умерен до засилен јужен ветер и температурите ќе бидат без поголема промена, а од сабота со засилен северен ветер ќе бидат во опаѓање.