Македонија
Лазаревски поднесе оставка од Управниот одбор пред да биде назначен за в.д. директор на Агенцијата за филм
Оставката на Бојан Лазаревски е поднесена пред да биде назначен за в.д. директор на Агенцијата за филм, нема кумулација на функции, соопштија од Владата.
„По денешната реакција на Државната комисија за спречување на корупцијата, Владата на Република Северна Македонија соопштува дека на вчерашната седница ја констатира оставката на Бојан Лазаревски од функцијата член на Управниот одбор на Агенцијата за филм. Оставката на Лазаревски е поднесена неколку дена пред тој да биде назначен за в.д. директор на Агенцијата за филм. Оттаму, во конкретниот случај не постоела никаква можност да настане кумулација на функции“, велат од Владата.
Од таму велат дека, според законот, мандатот на директорот на Агенцијата му престанува по сила на законот кога тој ќе поднесе оставка во писмена форма.
„Вчерашната владина одлука има само декларативен карактер, односно со неа само да потврдува приемот на оставката, а таа важи од самиот момент кога е поднесена, односно пред Лазаревски да биде воопшто назначен за в.д. директор на Агенцијата за филм. Со други зборови, законската одредба е јасна дека при поднесување оставка функцијата престанува по сила на законот“, се наведува во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

